Луксузниот автомобилски бренд Lamborghini започна нова меѓународна кампања со цел промоција на најновото дополнување на својата палета на спортски и суперавтомобили со високи перформанси, новиот Urus SE.
Кампањата насловена „Born With Two Hearts“ („Родени со две срца“) се осврнува на двете најистакнати сензации кои луѓето ги искусуваат при возењето на Lamborghini – моќ и емоција. Притоа, тие сензации се замислени како две пулсирачки отчукувања на срцето рефлектирани во типичен возач на Urus и двојните перформанси на неговиот хибриден мотор.
Централниот спот на кампањата замислува свет во кој поединците се раѓаат со две срца, што служи како метафора за дебито на хибридниот мотор во Urus SE. Преку оваа споредба, ги откриваме извонредните можности кои би можеле да го издигнат нашето постоење над она што досего ни е познато.
Кампањата е созадена во соработка со креативната агенција Dude London и продукциската компанија Think Cattleya.