Организаторите на настанот ја откриваат првата постава на говорници и неколку занимливости: BBC Studios и SkyShowtime ќе одржат главни говори, Изет Пинто ќе презентира увиди за маркетингот во забавната индустрија, Keshet International и TV NOVA/Voyo ќе го претстават својот хит крими-трилер серијал Extractors
NEM Dubrovnik 2024, кој ќе се одржи во Хотел Дубровник Палас од 10 до 13 јуни 2024 година, откри неколку детали од овогодинешната програмска агенда. Единаесеттото издание на омилениот ТВ пазар со живописен поглед во Централна и Источна Европа повторно ќе ги собере водечките фигури во ТВ индустријата – од големи купувачи до извршни директори, технолошки директори, потпретседатели, генерални менаџери, управни директори и други бројни влијателни учесници.
Главни сесии
Неколку главни сесии ќе служат како централен дел на настанот со меѓународно признати говорници како што се:
- Бартош Витак, генерален директор за Централна и Источна Европа во BBC Studios
„Навистина ми е драго што повторно ќе присуствувам на NEM Dubrovnik. Имањето можност за размена на мисли и искуства со клучните лидери на пазарот и поттикнување стратешки партнерства низ поширокиот регион е од непроценливо значење кога се работи кон динамичен раст на овој пазар. Посветеноста на BBC Studio за развој на бизнисот во Централна и Источна Европа отсекогаш била силна, но сега, повеќе од кога било, гледаме поволна средина за зајакнување на нашите операции во овој регион“ – сподели г-дин Витак.
- Монти Сархан, генерален извршен директор, SkyShowtime
„NEM Dubrovnik е неверојатно важен ТВ пазар. Чест ми е што ќе зборувам таму втора година по ред. Со оглед на тоа што неодамна го лансиравме нашиот план поддржан од реклами на сите наши пазари, вклучително и Централна и Источна Европа, со нетрпение очекувам да им се придружам на другите од индустријата во ангажирана дискусија“ – рече г-дин Сархан.
Изет Пинто ќе презентира за маркетингот во забавната индустрија
Во исчекување на целосната агенда за четиридневниот настан, организаторите на NEM Dubrovnik 2024 открија неколку возбудливи моменти што треба да се проследат.
- Изет Пинто, основач и извршен директор на Global Agency, ќе сподели специјална презентација со увиди за маркетингот во забавната индустрија. Во индустријата каде што илјадници нови проекти се претставуваат на пазарот секоја година, маркетингот е клучот за зголемување на продажбата. Изет Пинто ќе разговара сеопфатно за маркетинг-стратегијата на брендовите во својата презентација и преку студија на случај ќе објасни како компанијата ги реализира своите активности со креативни методи.
- Ленка Шанто, креативен продуцент во TV NOVA/Voyo, и Анке Стол, виш потпретседател за аквизиции и копродукции во Keshet International, ќе го претстават крими-трилер серијалот Extractors, продуциран од Movie SRO/TV NOVA и дистрибуиран од Keshet International.
- Акос Ердос, генерален извршен директор на Paprika Studios Group, ќе биде интервјуиран во Q&A-сесија.
Првична листа на говорници
Мал увид во листата на говорници ја открива почетната постава на истакнати личности од целиот глобален телевизиски пејзаж, подготвени да се вклучат во панел-дискусии кои ќе начнат теми за размислување за трендовите и предизвиците во индустријата. Овогодинешната листа на говорници ќе ги вклучува:
- Грегоар Полад, генерален директор, Асоцијација на комерцијални телевизии и услуги за видео на барање во Европа (ACT)
- Кенечи Белушевиќ, потпретседател за деловен развој и дистрибуција, Warner Bros. Discovery
- Роберт Швеб, генерален директор, Хрватската радиотелевизија (ХРТ)
- Николас Еглау, управен директор за глобална дистрибуција, Moonbug Entertainment
- Муге Акар, директор за глобална продажба, ATV
- Бранко Чакармиш, стратешки советник, CME Adria
- Милан Фридрих, програмски директор, Чешка телевизија
- Емануел Екерт, заменик директор за аквизиции, Mediawan Rights
- Даниел Ричард Ковач, генерален директор, RTL Унгарија
- Анахита Кедер, извршен потпретседател за Европа, Блискиот Исток и Африка, Формати и лиценцирање, Fremantle International
Во јуни 2024 година, Дубровник повторно ќе стане централно место во Европа со уникатни опции за успешно вмрежување, договарање деловни зделки и споделување знаење во телевизиската индустрија.
Повеќе информации можете да најдете на официјалната веб-страница NEM Dubrovnik 2024.