За да одбележи еден век од лансирањето на колекцијата извонредни инструменти за пишување „Meisterstück“ во 1924 година, германскиот луксузен бренд Montblanc го ангажираше американскиот режисер и сценарист Вес Андерсон за да создаде кампања која нè води низ извонредниот свет на брендот, гледан низ очите на режисерот.
Премиерната проекција на краткиот филм на Вес Андерсон и Montblanc се одржа во Лос Анџелес, на гламурозен настан на кој присуствуваа значајни личности од сферата на културата, бизнисот, модата и спортот, вклучувајќи ги: Џејсон Шварцман, Руперт Френд, Адриен Броди, Варис Ахлувалија, Кирнан Шипка, Ема Робертс, Симу Лиу, Калум Тарнер, Лаки Блу Смит и Зинедин Зидан.
Присутните можеа да се дружат и да истражуваат рекреирани сцени од филмот на Андерсон, но и значајни артефакти од историјатот на Montblanc и колекцијата „Meisterstück“. Покрај снимањето на филмот, познатиот американски режисер е заслужен и за дизајнот на ново пенкало на Montblanc – наречено „Schreiberling“ – кое ќе биде лансирано во 2025 година.
Во продолжение погледнете го краткиот филм по повод 100 години „Meisterstück“:
Официјални застапници за производите на Montblanc во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.