Креативниот натпревар Clio ги додели главните Grand Clio награди за 2024 година на свечена церемонија во Њујорк, водена од актерката Андреа Севиџ.
За „Агенција на годината“ беше прогласена Publicis Conseil, додека пак титулата „Независна агенција на годината“ ја доби Rethink Canada. За најдобра „Агенциска мрежа на годината“ беше прогалсена Ogilvy, а епитетот „Огласувач на годината“ му припадна на Michelob Ultra. Наградата за „Продукциска компанија на годината“ ја освои Prodigious Paris.
Добитничките кампањи на наградите Grand Clio за 2024 година, по категории, се:
- Audio: Public Service – “Undercover” од Ogilvy Hong Kong за Women Helping Women
- Branded Entertainment & Content: Product/Service – “WoMen’s football” од Marcel за Orange
- Creative Business Transformation: Product/Service – “Renault-Plug Inn” од Publicis Conseil за Renault
- Creative Business Transformation: Public Service – “Working with Cancer” од Publicis Groupe за Working with Cancer
- Creative Use of Data: Product/Service – “Life Extending Stickers” од Grey Colombia || VML Colombia за MAKRO COLOMBIA
- Design: Product/Service – “My Japan Railway” од Dentsu Inc. за Jr Group
- Design Craft: Product/Service – “AdLam” од McCann New York за Microsoft
- Direct: Product/Service – “Where to Settle” од McCann Poland и McCann NY за Mastercard
- Experience/Activation: Product/Service – “Driving While Black” од Goodby, Silverstein и Partners/Critical Mass за Courageous Conversation Global Foundation
- Experience/Activation: Public Service – “Pop Tarts: The First Edible Mascot” од Weber Shandwick за Kellanova
- Film Craft Music Original: Product/Service – “Play it Safe” од The Monkeys, дел од Accenture Song, за Sydney Opera House
- Integrated: Product/Service – “Barbie the Movie” на Mattel за брендот Barbie
- Out of Home: Product/Service – “Coors Lights Out” од Rethink за Coors Light
„Како и секогаш, жирито имаше тешка задача оваа година бидејќи волуменот на креативност во пријавените проекти беше навистина инспиративен. На крајот, добитниците на Grand Clio беа избрани затоа што тие не само што покажаа исклучителна егзекуција, туку и отелотворија извонредно раскажување приказни и ги оживеаја идеите што стоеа повисоко од остатокот на проектите за кои се дискутираше“ – изјави извршната директорка на Clio, Никол Персел.
На настанот беа доделени и неколку специјални награди, како „Наградата за животно дело“ на Сузан Кредл, глобална претседателка на FCB и креативен советник на IPG, која ја предводеше мрежата на FCB до над 170 Clio награди во нејзината кариера. Астрофизичарот и директор на њујоршкиот планетариум Хајден, Нил де Грас Тајсон, исто така доби „Наградата за животно дело“, а Кристијан Мугара Палма и Луис Пицерос Фиеро, дуо од Чиле, беа избрани за добитници на наградата „Pepsi Emerging Creative Award“.
Целосната листа на доделни златни, сребрени и бронзени добитници на Clio е достапна на официјалниот веб-сајт www.clios.com.