Добитничката на Нобеловата награда за мир и ко-основач и извршен директор на Rappler го добива признанието за нејзините напори да ја заштити слободата на изразување
Фестивалот Cannes Lions соопшти дека Марија Реса ќе биде добитничка на специјалната награда „Лавовско срце“ за 2024 година. Како една од најпрестижните награди на фестивалот, признанието се доделува на личност која ја искористила својата позиција за да направи значајна и позитивна разлика во светот околу нас. Реса е ко-основач и извршен директор на Rappler, информативен веб-портал што ја води борбата за слобода на медиумите на Филипините.
Како извршен директор на Rappler, Реса ја предводела нивната битка за вистина и демократија, трпејќи постојано политичко малтретирање и апсења од владата на Дутерте, принудена да плати кауција 10 пати за да остане на слобода. Нејзината најнова книга “How to Stand Up to a Dictator” („Како да му се спротивставиме на диктатор“), беше објавена во ноември 2022 година и досега е преведена на 20 јазици.
„Среќни сме што ѝ оддаваме почит на Марија Реса со толку важно признание. Ова признание ја поткрепува немилосрдната посветеност на заштитата на слободата на изразување, преку нејзиното извонредно водство на Rappler за борба против ширењето на дезинформации. „Лавовското срце“ се доделува на оние кои прават вистинска разлика во светот, а Марија беше клучна во редефинирањето на истражувачкото новинарство. Нејзината креативност и работа се инспирација за сите нас, и со нетрпение очекуваме да ја почестиме на фестивалот во јуни“ – истакнува Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
По соопштувањето на веста, Марија Реса коментираше: „Стоиме врз урнатините на светот што беше: каде технологијата, насилството и војната ја предизвикуваат нашата човечност. Канското „Лавовско срце“ нè потсетува дека имагинацијата и креативноста, предизвикувајќи емпатија, се клучни за да нè водат низ овие мрачни времиња; дека моќта и парите не се доволни; и таа инспирација го разгорува доброто во секој од нас. Ви благодариме што ја препознавте работата на Rappler, каде што продолжуваме да се бориме со предизвиците за да помогнеме во создавањето на светот што го сакаме“.
Под водство на Реса, Rappler остануваат посветени на новинарскиот интегритет и веродостојното раскажување приказни, фокусирајќи го критичкото внимание на нашиот глобален информативен екосистем и начините како меѓусебно поврзаните заедници можат да ги штитат демократските вредности. За нејзината храброст и новинарски интегритет, Марија добила бројни признанија, вклучително и во октомври 2021 година, како една од двајцата новинари наградени со Нобеловата награда за мир како признание за нејзините „напори за заштита на слободата на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир“.
Реса ќе излезе на сцената Дебиси за време на фествалот Cannes Lions, во петок на 21 јуни, за да го одржи својот говор и ексклузивно интервју, пред да ѝ биде врачена наградата „Лавовско срце“ за време на главната наградна церемонија на фестивалот истата вечер.
Дополнителни информации за Cannes Lions, вклучувајќи ги говорниците, програмата и начинот на учество, може да најдете на www.canneslions.com.