Со голема чест и задоволство, фестивалот Golden Drum му посакува добредојде на Ека Руола, генералниот креативен директор и претседател на Nitro Group од Финска, како најнов член на „Куќата на славните“ на Golden Drum – меѓу избрана група визионери и сонувачи кои храбро и страсно се бореле за напредок на креативната индустрија и пошироко.
Основана во 2010 година, „Куќата на славните“ ги слави оние кои, преку нивната професионална кариера и личен живот, влијаеле на креативните умови и души. Креативни лидери кои нè инспирираат, мотивираат и нè поттикнуваат да продолжиме напред во нашите патешествија.
„Исклучително сум среќен, почестен и горд што сум примен во „Куќата на славните“ на Golden Drum. Овој фестивал навистина има уникатно меко место во моето срце. Моето прво учество во меѓународно жири се случи таму и со текот на годините Golden Drum остана близок на многу начини.
Golden Drum собира луѓе од регион со многу слични предизвици низ земјите. Секогаш ни се случува да најдеме магично заедништво и со делегатите и со прекрасните професионалци на самиот фестивал. Отсекогаш било многу посебно. Страста на Golden Drum за креативноста во сите нејзини форми и негувањето на оваа индустрија отсекогаш ми биле многу привлечни.
Оваа номинација е огромна чест. Луѓето во „Куќата на славните“ се навистина исклучителни со извонредни кариерни патеки. Секако, она што го прави ова многу емотивно за мене, е да се приклучам таму со мојот поранешен претседател, покојниот Ами Хасан, џинот на чии рамења имав привилегија да стојам долги години“ – вели Ека Руола, генерален креативен директор и претседател на Nitro Group и најнов иницијант во „Куќата на славните“ на Golden Drum.
Во текот на неговата кариера, Ека има демонстрирано значителна поддршка за индустријата и има покажано извонредно лидерство. Со цел да даде значаен придонес во развојот на индустријата и поширокото општество, тој секогаш ја става креативноста во преден план.
Тој е ценет ментор на многу млади креативци кои влегоа во огласувачката индустрија. Неговата страст е да изгради силна следна генерација на креативци кои не само што ќе се стремат да бидат најдобри креативци, туку ќе ја разберат и важноста на стратешката деловна страна.
Фестивалот Golden Drum има посебно место во срцето на Ека. Во текот на неговата кариера, тој беше член на жирито и двапати беше говорник. Има освоено Grand Prix и повеќе златни и сребрени награди. Во последната година, Ека, исто така, помогна во формирањето на групата B2B во делот за креативна деловна извонредност во натрпреварувачкиот дел на фестивалот.
Еден од најнаградуваните фински креативни директори
Ека е еден од најнаградуваните фински креативни директори – и на национално и на меѓународно ниво. Неговото творештво е наградувано на сите значајни наградни шоуа, вклучувајќи ги Golden Drum, Cannes Lions, Clio Awards, The One Show, LIA и Effie’s.
Тој е чест член на жирито и говорник на настаните во индустријата ширум светот. Во 2015 година, Руола беше награден со наградата „The Internationalist’s Agency Innovator“ во Њујорк. Минатата година Руола беше награден со „Платинум награда“ од Grafia во Финска, што претставува најпрестижната награда за животно дело во земјата за исклучителни достигнувања во креативната индустрија.
Ека е познат по неговиот долг мандат на чело на Hasan & Partners Group, 30-годишна креативен гигант во нордиските земји. Тој ја напушти агенцијата во 2020 година и го купи мнозинскиот удел на финската хибридна агенција Nitro Group и се врати во креативната деловна арена во април 2021 година.
Неодамна Ека ја напиша и својата прва маркетиншка книга: „The New 4 P’s of Marketing“, која беше објавена од Alma Talent во мај 2021 година.
За „Куќата на славните“ на Golden Drum
Ѕидот е само ѕид. Но, чие име е напишано на него, се стреми кон бесмртноста. Тогаш ѕидот станува Ѕид. Фестивалот Golden Drum во своите дваесет и девет години има привлечено големи визионери и сонувачи кои храбро и страсно се бореле за напредокот на креативната индустрија.
Како што минува времето и луѓето одат напред, ние тежнееме да ги заборавиме имињата на оние кои ги поставија темелите, врз кои денешните професионалци градат големи работи. Основан во 2010 година, виртуелниот ѕид на „Куќата на славните“ на Golden Drum ги носи имињата на големи жени и мажи. Списокот расте со внимателна селекција и чувство на благодарност кон оние чии имиња и постапки никогаш не треба да ги заборавиме. Секој нов член треба да биде потврден и прифатен во „Куќата на славните“ од постојните членови.
Ова се членовите на „Куќата на славните“ на Golden Drum:
Фестивалот Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2024 година во Гранд Хотел Бернардин во Порторож, Словенија. Креативниот натпревар е отворен за пријавување.