Швајцарскиот часовничарски бренд TAG Heuer гордо се врати на 14-то издание на Историското Гран При на Монако, кое овој викенд се одржа во малото медитеранско Кнежевство, зацврстувајќи ја својата повеќе од едновековна поврзаност со мотоспортот – уште од 1911 година!
Како долгогодишен партнер на Автомобилскиот клуб на Монако (ACM), TAG Heuer ја имаше честа да продолжи со својата традиционална поддршка на еден од најпрестижните настани во календарот на класичните мототрки. Но, славната историја на TAG Heuer не е само поврзана со Кнежевството Монако, туку е испреплетена и со возачите и легендите на мотоспортот.
Ова богато наследство направи целосен круг кога ROFGO Racing, ценет тркачки партнер, зеде учество со неколку болиди на овогодишното историско Гран При, вклучително и еден во сино-портокаловите бои на Gulf – славно користени во претходните изданија на TAG Heuer Monaco.
Многу пријатели на TAG Heuer беа присутни во Монако за овој викенд исполнет со адреналин, вклучувајќи го и холивудскиот актер, ентузијаст за трки и амбасадор на брендот, Патрик Демпси, кој исто така беше на отворањето на новиот луксузен бутик на TAG Heuer во Монако.
Доколку и самите сте љубители на мотоспортот и часовниците, официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.