Германскиот производител на автомобили Volkswagen лансираше нова бренд платформа за британскиот пазар насловена „YourWagen“, базирана на идејата за емоционална поврзаност помеѓу луѓето и нивните автомобили.
Поаѓајќи од буквалниот превод на името Volkswagen („народен автомобил“), слоганот на кампањата е „Without the Volks, there is no Wagen“ („Без народот, нема автомобил“). Притоа, централниот спот на кампањата се фокусира на вистински љубовни приказни на сопствениците на Volkswagen кон нивните автомобилски миленици.
Се работи за емоционална реклама која на скромен начин го демонстрира иконичниот статус на брендот. Кампањата е создадена во соработка помеѓу компанијата и виситински фанови на брендот, при што возачите биле вклучени уште од раните фази на креативниот процес.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Adam&EveDDB.