Во четврток (23 мај), со почеток од 18 часот, едукативниот центар Qinshift Academy организира онлајн семинар на тема „Визуелно раскажување приказни во дизајнот на интерфејс: Изработка на привлечно корисничко искуство“.
Вебинарот ќе спои неколку дизајнерски теми со цел да понуди критички осврт на приказната која дизајнот ја пренесува до корисниците.
Притоа, на настанот ќе се дискутираат следните прашања: Како принципите на дизајнот, теоријата на боја, типографијата и визуелната хиерархија се користат за да пренесат наратив кој провоцира емоција и приказна кај корисникот? Која е улогата на брендирањето во UI дизајнот, кое е влијанието на илустрацијата и фотографијата врз интеракцијата на корисниците и кој е балансот помеѓу естетиката и функционалноста?
Ментори на настанот ќе бидат Милка Јанакиевска и Дамјан Клинчаревски.
Доколку сте заинтересирани за учество, потребна е претходна регистрација на следниот ЛИНК.