Една година по објавената „тизер“ фотографија, луксузниот француски моден бренд Chanel ја лансираше новата кампања со младата холивудска ѕвезда Тимоти Шаламе, креирана под режисерската палка на легендарниот Мартин Скорсезе. Кампањата е наменета за промоција на класичниот машки парфем „Bleu“ („Сино“).
Во централниот спот на кампањата го гледаме Шаламе во типичните улоги на холивудска ѕвезда – постојано бркан од папараците, секогаш толкувајќи некаков лик, никогаш себе свој, трагајќи по нешто повеќе во живот. Таквата емотивна состојба на актерот го отсликува сивилото на спотот.
Меѓутоа, низ целиот филм се појавуваат мистериозни изблици на сината боја кои го привлекуваат Шаламе, а тој ги чувствува како водич кон поисполнет живот. На крајот се одлучува да ги следи, доаѓајќи до синоосветлен воз. Преку „скок на верата“ – младиот актер успева да избега од сивилото и преку синото да дојде до светот на бојата.