Во пресрет на летниот суперхеројски блокбастер „Deadpool & Wolverine“, пивскиот бренд Heineken влезе во универзумот на Марвел за да ги смири тензиите помеѓу двата суперхерои толкувани од Рајан Рејнолдс и Хју Џекман.
Во краткиот едноминутен видео спот, го гледаме Волверин како му се приближува на Дедпул, спремен да го тепа, кога овој нуди подобра алтернатива – да го остават ривалството настрана и да се напијат по една лименка Heineken Silver.
„Една работа за која Дедпул и Вулверин можат да се согласат е дека Тоуд не се наоѓа во ничија листа на топ 10 мутанти. Но, тоа не е причината зошто сте тука. Другата работа за која се согласуваме е дека сме среќни што влегуваме во универзумот на Марвел со Heineken Silver. Ништо нè ве води низ долгите и често збунувачки денови во мултиверзумот како чистиот и освежителен вкус на Heineken Silver“ – стои во заедничкото соопштение на холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Хју Џекман.