Изминатиот викенд се одржа 81-то издание на трката за Големата награда на Монако во најпопуларниот тркачки спорт на планетата – Формула 1.
По тој повод, швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer беше домаќин на гламурозен настан со кој го прослави своето долгогодишно партнерство со Кнежеството Монако, во придружба на партнерскиот тркачки тим на Oracle Red Bull Racing кој ја одбележува својата 20-годишнина во 2024 година.
Во чест на актуелниот Ф1 шампион Макс Верстапен, извршниот директор на TAG Heuer, Џулиен Торнаре, му подари возбудлив, персонализиран, авангарден хронограф од типот TAG Heuer Monaco Split-Seconds – хоролошко ремек-дело што беше претставено минатиот месец на саемот „Часовници и чудесии“ во Женева.
Со оваа незаборавна вечер, TAG Heuer продолжува да ја зајакнува својата негувана врска со Кнежевството Монако и му оддава почит за богатата историја во автомобилските трки.
Од брендот истакнуваат дека биле воодушевени што ја имале можноста да прославуваат заедно со блиски пријатели, партнери и ВИП гости, разгорувајќи ја возбудата што секоја година го дефинира Ф1 викендот за Големата награда на Монако.
Доколку сте фан на тркачките спортови и луксузните часовници, официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.