Вчера на 29 мај, француската агенциска групација Publicis Groupe го одржа своето Генерално собрание на акционери со кворум од 82,88%. Собранието го водеше досегашниот Претседател на групацијата, Морис Леви.
Акционерите гласаа со големо мнозинство за сите резолуции што им беа доставени, а предложената промена на корпоративната структура на управување беше одобрена со 95% од гласовите. Publicis Groupe сега е корпорација со „единечна структура“ со еден Одбор на директори, предводен од Артур Садун кој истовремено ќе ги извршува функциите претседател и генерален извршен директор на Групацијата.
Во однос на изгласаните промени, сега веќе почесниот претседател на Publicis Groupe, Морис Леви, коментираше:
„Би сакал длабоко да им се заблагодарам на нашите акционери за нивната поддршка во трансформирањето на управата на нашата компанија, што доведе до назначувањето на Артур Садун за претседател и генерален извршен директор. Ова е вистинската одлука за нашата Групација, во вистинско време. Ја предложив оваа промена во начинот на управувањето за да се обезбеди континуиран успех на Publicis и да се консолидираат сите елементи што ја прават таква исклучителна компанија, од нејзините семејни корени, нејзините вредности и нејзиниот нескротлив дух. Во текот на моите години во Publicis, имав задоволство да работам заедно со исклучителни лидери, како Марсел Блеустејн-Бланше и Елизабет Бадинтер, и привилегијата да ја водам Групацијата низ нејзините бројни промени и еволуции за навистина да прерасне во компанија која гледа кон иднината, уникатно поставена да отвори нови области и да отклучи нови можности.
Артур успешно отвори јасен пат напред, обезбеди раст и ја позиционираше Групацијата на чело на нашата индустрија. Јас сум неверојатно горд на неговото патешествие и убеден дека под негово водство Publicis ќе продолжи да достигнува уште поголеми височини. Благодарение на структурата на управување одобрена од акционерите и следејќи ги одлуките на Одборот, денес имаме примерна рамнотежа на силите: Елизабет Бадинтер како заменик-претседател, осигурувајќи дека сите засегнати страни се третираат рамноправно во согласност со вредностите на Групацијата; Андре Куделски како главен директор да обезбеди вредна поддршка на Одборот во оваа нова рамка; и засилени комитети со јасно дефинирани мисии.
Од моја страна, ќе продолжам да ги поддржувам Групацијата, Елизабет Бадентер и Артур Садун каде и кога е потребно. “
Одборот на директори се состана по Генералното собрание на акционери и донесе одлука за комбинирање на улогите на претседател и генерален извршен директор и го назначи Артур Садун на оваа нова позиција.
„Со одобрување на оваа промена во нашата структура на управување, денес нашите акционери гласаа да ги одржат движечките сили зад успехот на Групацијата и да го продолжат моделот што ја направи Publicis највредна компанија во индустријата во однос на пазарната капитализација. Би сакал искрено да им се заблагодарам на нашите акционери и Бордот за довербата, а особено на Елизабет Бадентер и Морис Леви за нивната непоколеблива поддршка. Оваа промена ни овозможува да го одржиме и дуото што го формиравме со Морис Леви од 2017 година, и моментумот со кој Publicis се издвои од другите и да се наметна како јасен лидер во нашиот сектор. Континуитетот на нашето партнерство, извонредниот талент на нашите луѓе и нашите најдобри способности во класата, нè прават сигурни во нашата способност да поттикнеме уште поголема иновација и трансформација за нашите клиенти, во она што е бизнис пејзаж кој постојано се менува“ – истакна Артур Садун, претседател и генерален извршен директор на Publicis Groupe.