Во знак на почит до хероите на небото, швајцарскиот бренд на луксузни часовници Breitling ја проширува својата легендарна воздухопловна колекција „Avenger“ со ексклузивното специјално издание „Avenger B01 44 Swiss Air Force Team“.
Часовникот им оддава почит на припадниците на елитниот аеробатски тим на швајцарските воздухопловни сили – „Patrouille Suisse“, по повод 60-годишнината од нивното основање во 1964 година. Истовремено, лансирањето на овој ексклузивен часовник се надоврзува и на актуелната кампања на Breitling со која брендот слави 140 години на пионерски подвизи и иновативност – од основањето во 1884 година.
Со впечатлив дизајн и бескомпромисна функционалност, новиот часовник се одликува со препознатливиот амблем и бои на ескадрилата, одразувајќи ја нејзината традиција, наследство и храброст.
„Моделот Avenger B01 44 Swiss Air Force Team оддава почит на непоколебливиот дух на авијатичарите. Ја опфаќа посветеноста на Breitling кон прецизноста и доверливоста во најпредизвикувачките воздушни средини. Иако вкоренети во воената извонредност, овие часовници се направени за секој што ја цени супериорната механика и смелиот дизајн“ – истакнува извршниот директор на Breitling, Џорџ Керн.
Конструирани од црно керамичко куќиште, титаниумски хардвер и воено кожно ременче, секој од овие робустни хронографи нуди тактилно искуство оптимизирано за читливост и лесно користење. Часовникот работи со помош на автоматскиот механизам Breitling Manufacture Caliber 01, кој може да се пофали со 70-часовна резервна енергија, петгодишна гаранција и COSC сертификат како знак за најголема прецизност.
Часовникот ќе се продава по почетна цена од 5,580 евра.
Официјални застапници за производите на Breitling во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.