Италијанскиот бренд на алкохолни пијалаци Campari ја лансираше „Bitter Talks“ („Горчливи разговори“) – нова кампања за белгискиот пазар во кој главните улоги ги толкуваат две чаши за коктел.
Со кампањата лансирана за време на Канскиот филмски фестивал, Campari сака да се позиционира како партнер и спонзор на големите филмски фестивали, при што главниот четириминутен спот ќе биде прикажуван во белгиските кина во текот на месец јуни.
Кампањата се заснова на фактот дека многу дијалози од познати филмови се случуваат во бар, додека главните ликови уживаат во пијалок. Меѓутоа, во „Горчливи разговори“, главните ликови се самите чаши за коктел – Campari Negroni и Campari Spritz.
Тие се прикажани одблиску во текот на целиот дијалог, додека го слушате разговорот на ликовите кои пијат коктели надвор од границите на екранот. Бидејќи не гледате ништо од околината и речиси ништо од луѓето, дијалозите добиваат поголема мистерија и длабочина, совршено во согласност со ветувањето на Campari дека „Секој коктел раскажува приказна“.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција FamousGrey. Спотот е режиран од Лиса Карлета, а сценариото е напишано од Кејт Мекмулен. Музиката е компонирана од Питер Баерт.