Францускиот производител на алкохолни пијалаци Pernod Ricard ја комплетираше ревизијата на своето портфолио за медиумски инвестиции во Европа, Блискиот Исток и Африка – вредно околу 100 милиони евра.
Новиот медиски агенциски партнер на компанијата ќе биде агенцијата Carat, дел од групацијата Dentsu. Агенцијата ќе биде задолжена за медиумското планирање и закуп на Pernod Ricard на 15 национални пазари, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.
Претходно, компанијата соработувала со различни агенции на различни пазари. Ревизијата за консолидирање на медиумските инвестиции на Pernod Ricard започна во јануари оваа година, со поддршка на консултантската компанија ID Comms.