Меѓународниот фестивал за креативност White Square, добро познат во креативната заедница ширум светот, ги објави победниците за 2024 година.
Фестивалот високо ги цени креативните идеи и луѓето во индустријата, ги споделува принципите на општествено одговорниот маркетинг, мирот и универзалните човечки вредности, ги демонстрира најдобрите идеи реализирани од агенции и брендови, вклучително и идеи кои придонесуваат за развој на индустријата и промена на светот кон подобро.
Во натпреварувачката програма на Фестивалот учествуваа 1115 проекти од повеќе од 35 земји од Европа, Северна и Латинска Америка, Блискиот Исток, Северна Африка и Азија. Пријавените проекти на White Square 2024 беа оценети од шест состави на меѓународни жирија, претставувани од меѓународно признати професионалци во областа на креативноста и комуникациите, добитници на бројни награди, како и искусни жирирачи на престижни меѓународни фестивали од областа на креативноста и ефикасност во целиот свет. Главните Grand Prix награди на фестивалот беа определени од страна на Големото жири, составено од претседателите на различните жири-состави на фестивалот.
Овогодишни добитници на главната Grand Prix награда на White Square 2024 се кампањите: „A soup to remember“ од агенцијата Bruketa&Žinić&Grey од Хрватска; и „Not very Sweet“ на агенцијата Ogilvy Bangkok од Тајланд. За најуспешна агенција на фестивалот беше прогласена Seed од Казахстан.
Жирирањето на фестивалот ги задоволи највисоките меѓународни стандарди на комуникациската индустрија – беше поставена висока граница за критериумите и изборот на пријавените проекти, додека високото ниво на конкуренција и ограничениот број на победници ги прават фестивалските награди уште повредни и попожелни за учесниците.
Жирито и организацискиот одбор на фестивалот им честитаат на победниците и се надеваат дека идеите наградени на фестивалот White Square 2024 ќе станат извор на инспирација за развој и иновации во креативната индустрија!
Повеќе за победниците на фестивалот White Square Festival 2024 на слендиот ЛИНК.