Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions објави дека вкупно 26.753 пријавени проекти ќе се борат за наградите за 2024 година. Пријавените проекти ќе се натпреваруваат за поставување на глобален репер за извонредност во огласувачката креативност и ефективност за годината што претстои.
„Како барометар за глобалната индустрија, гледаме интересни промени низ глобалниот пејзаж – забележавме континуиран раст во категоријата за креативна ефективност, која доби најголем број пријавени кампањи од нејзиното воведување во 2011 година, покажувајќи дека постои силна посветеност на креативноста како двигател на деловниот раст. Промената во составот на компаниите е исто така интересна, при што бројот на пријавени преокти од брендови се зголеми за 6%, додека пак бројот на пријавени проекти од медиуми е зголемен за значителни 31%, што ја демонстрира ширината на инвестициите во креативноста низ целиот спектар на брендираните комуникации. Нашето жири веќе курира корпус на проекти достојни за освојување на „Кански лав“ и со нетрпение очекуваме да ги видиме креативните дела што ќе го постават реперот за уште една година и ќе ни го покажат патот напред“ – посочи Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
Некои од категориите надвор од традиционалните дисциплини кои забележаа раст вклучуваат креативна деловна трансформација (+8%), креативна трговија (+18%) и креативна стратегија (+5%). Пријавените проекти во овие категории го демонстрираат широкиот спектар на креативен маркетинг што се користи за решавање на деловните проблеми.
Бројот на пријави во натпреварот за социјални медиуми и инфлуенсери пораснал за 21%, забележувајќи најголем број на пријавени проекти од воведувањето во 2018 година.
„Оваа година ги проширивме категориите во рамките на натпреварот за социјални медиуми и инфлуенсери со цел подобро да ја одразуваат и слават клучната улога што ја играат креаторите на содржини во обликувањето и засилувањето на пораките на брендот. Динамичното влијание што овие поединци го имаат врз публиката низ социјалните и дигиталните платформи ја одразува еволутивната природа на комуникацијата и брендирањето во модерната ера. Истражувањето на WARC, исто така, покажа дека глобалните инвестиции во социјалните мрежи ќе достингат вкупно 247,3 милијарди американски долари во 2024 година, што е зголемување за 14,3% на годишно ниво, надминувајќи го платеното пребарување. Растот на оваа категорија се совпаѓа со навременото лансирање на новиот LIONS Creators Pass, обезбедувајќи дополнителни докази за секторот кој се развива со забрзано темпо“ – објаснува Мариан Бранели, глобален директор за награди во LIONS.
Зборувајќи за новата категорија за употреба на хумор, Бранели додава: „Проектите во новата категорија за употреба на хумор, вклучена во 13 натпревари, сочинува 5% од сите пријавени проекти во тие натпревари, демонстрирајќи промена во тонот и пораст на ефективната комерцијална работа дизајнирана да ја забавува јавноста. Како што рече Ендрју Робертсон од BBDO на сцената минатата година, „хуморот функционира“.
Во својата прва година, нешто помалку од една четвртина од пријавените проекти доаѓаат директно од брендови во инаугуративниот натпревар за луксуз и животен стил – лансиран да обезбеди глобален репер во луксузната сфера.
Одразувајќи го она што се случува на пазарот, како што е наведено во најновата прогноза за глобалните ивестиции во огласувањето на Dentsu, други категории на раст го вклучуваат надворешното огласување, забележувајќи пораст во пријавените проекти од 6% на годишно ниво. Тоа е одраз на медиум што се развива со забрзано темпо, благодарение на примената на податоци и нови технологии кои ќе им помогнат на брендовите да размислуваат подалеку од традиционалните билборди. Бројот на проекти во натпреварот за аудио и радио содржини пораснал за 6%, додека пријавите во натпреварот за иновации пораснале за неверојатни 52%.
Победниците ќе бидат прогласувани на наградните церемонии што ќе се одржуваат секоја вечер во текот на фестивалот, од 17 до 21 јуни 2024 година. Дополнителни информации за Cannes Lions може да најдете на canneslions.com.