Кампањата „Приказна вредна секоја буква“ („Priča koja vrijedi svakog slova“) на хрватскиот бренд на тестенини Marodi, создадена под водство на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey и со учество на Komunikacijski laboratorij, освои бронзена награда на престижниот огласувачки фестивал Cannes Lions во категоријата “Innovation in Print & Publishing”.
Како дел од кампањата беше создадено ограничено издание на збирка од пет книги со хрватски меѓуморски народни песни, така што секоја книга содржи пакување на абецедни тестенини за супа во точен број за составување на една меѓуморска песна.
„Во оваа кампања не се работи само за тестенини, ниту за пеење традиционални песни. Ова е кампања која зборува за припадност и љубов: љубов кон вашето семејство, пријателите и оној мал дел од светот што го сметате за свој“ – истакнува Никола Жиниќ, менаџер на кампањата во агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, додавајќи: „Зад оваа едноставна и генијална кампања стои одличен тим. Држејќи во рака мала кутија со точниот број на букви од песната, го чувствувате вниманието што ѝ го дадовме и на тој начин ја материјализиравме кревкоста на наследството што лесно може да ни се лизне ако не се грижиме за него.“
Со оваа награда, тестенините од хрватското село Неделиште станаа инспирација за сите мали брендови дека глобалниот успех е возможен со страст и посветеност.
„Нашата желба беше да придонесеме за локалната заедница и во тоа успеавме со прогласувањето на Денот на меѓуморското пеење. Кампањата ја започнавме со идејата дека најдобро можеме да ја зачуваме традицијата кога ќе ја пренесеме и живееме. Наградата од Кан е значајно признание за кампањата, нашата работа и секако особено нè радува. Најголема благодарност до нашите вработени, но и до сите партнери во проектот, особено на Здружението на хрватските културно-уметнички друштва од Меѓуморската жупанија“ – посочува Антун Мароди, во име на компанијата Marodi.
На иницијатива на локалниот производител на тестенини Marodi и Заедницата на хрватските културно-уметнички друштва на Меѓуморската жупанија, 28 ноември е прогласен за Ден на меѓуморското пеење. Токму на тој датум во 2018 година, меѓуморското пеење беше вклучено во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.
ЗАСЛУГИ
Marodi: Brand Manager: Antun Marodi, General Director: Stjepan Marodi
Bruketa&Žinić&Grey: Chief Creative Director: Nikola Žinić, Creative Director: Ivo Payer, Art Director: Andrea Knapić, Account Director: Roberta Kranjec, Account Manager: Karla Jurič, Head of Pre-Press/DTP: Radovan Radičević, Head of Video Production: Anja Pečovnik, Video Animator: Tvrtko Karačić, Copywriter: Lara Žučko, Designer: Toni Buršić, Head of Social Media: Tatjana Komljenović, Senior Social Media Manager: Dunja Vuletić, Account Manager: Petra Peršić Blažičko
Komunikacijski laboratorij: General Manager: Manuela Šola, PR Senior: Kristina Gotovac, PR Assistant: Magdalena Hegedić
Partners: Illustrator: Manuel Šumberac, Photographer: Domagoj Kunić, Press and Production: Sonja Šućur (Cerovski), DOP and Videoproduction: Sandro Sklepić