За време на втората фестивалска вечер на Cannes Lions 2024 беа прогласени победниците во категориите поврзани со забавната индустрија (“Entertainment”) и извонредните занаетски вештини во огласувањето (“Craft”).
Во Entertainment Lions се пријавиле вкупно 762 проекти, од кои 27 се закитија со престижните „лавови“: три златни, осум сребрени и 15 бронзени. Главната Grand Prix награда беше доделена за кампањата „We Are Ayenda“ од агенциите Creative X Palo Alto и Modern Arts Los Angeles за клиентот WhatsApp.
Во поткатегоријата за видео игри (Entertainment Lions for Gaming) биле прифатени 407 пријавени проекти, а доделени 15 награди: две златни, пет сребрени и седум бронзени. Главната Grand Prix му припадна на агенцијата McCann London и клиентот Xbox Games Pass за кампањата „The Everyday Tactician“.
Од 442 пријавени проекти во поткатегоријата за брендирани музички содржини (Entertainment Lions for Music), со „лавови“ се здобија 16 проекти: два златни, пет сребрени и осум бронзени. Главната Grand Prix награда отиде во рацете на агенцијата AlmapBBDO São Paulo и клиентот Diageo за проектот „Errata at 88“.
Славејќи ја креативноста што ги поврзува луѓето и брендовите преку спортот и е-спортот, во поткатегоријата Entertainment Lions for Sport биле прифатени 665 пријавени проекти, од кои 21 беа наградени со четири златни, шест сребрени и 10 бронзени „лавови“. Главната Grand Prix наградата му припадна на кампањата „WoMen’s Football“ од Marcel Paris за клиентот Orange.
Во категоријата за Design биле прифатени 927 проекти, а жирито одлучи да додели 31 награда: пет златни, 11 сребрени и 14 бронзени. Главната Grand Prix награда беше доделена за кампањата „Sightwalks“ од агенцијата Circus Grey Lima за клиентот Sol Cement.
Во категоријата посветена на филмската продукција (Film Craft Lions) биле прифатени вкупно 1552 проекти, а доделени 46 „лавови“: 7 златни, 16 сребрени и 22 бронзени. Главната Grand Prix награда отиде во рацете на Heimat\TBWA Berlin и брендот Hornbach D.I.Y. за кампањата „The Square Meter“.
Во категоријата Digital Craft Lions биле пријавени 552 проекти, а жирито одлучи да додели 18 награди: три златни, шест сребрени и осум бронзени. Главната Grand Prix награда беше доделена за кампањата „Spreadbeats“ од агенцијата FCB New York за аудио платформата Spotify.
Славејќи ја креативната уметност, талентот и вештините потребни за да се реализира една креативна идеја, категоријата Industry Craft Lions прифати 1001 проект, но жирито одлучи да додели само 28 награди: четири златни, девет сребрени и 14 бронзени лавови. Главната Grand Prix награда ја добија германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung и агенцијата Scholz & Friends Berlin за кампањата „The 100th Edition“.
Победниците на Cannes Lions се прогласуваат секоја вечер во текот на фестивалската недела од 17 до 21 јуни 2024 година. Сите финалисти и победници ќе бидат достапни за прегледување на The Work. Дополнителни информации за Cannes Lions се достапни на canneslions.com.