На последниот ден од Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions 2024 беа доделени награди во следните категории: Film; Glass: The Lion for Change; Sustainable Development Goals; The Grand Prix for Good; The Dan Wieden Titanium Lions и Young Lions. Вечерта беше предвидена и за прогласување на најкреативните агенции, агенциски мрежи, продукциски куќи и брендови на годината.
„Како што комплетираме уште една година од Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions, се надевам дека секој еден искуси извонредно чувство на гордост и подмладено чувство на енергичност и инспирација во нашата индустрија. Би сакал да им честитам на сите победници – како и на оние што се најдоа во потесниот избор – бидејќи беа препознаени од нивните колеги како претставници на најдобрата и најефективна креативност што ја нуди индустријата“ – истакна Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
Во категоријата Film се натпреваруваа 1887 проекти, од кои 53 се закитија со награди: 9 златни, 16 сребрени и 26 бронзени. Жирито одлучи да додели две Grand Prix награди. Првата отиде во рацете на агенцијата Marcel Paris и клиентот Orange за кампањата „WoMen’s Football“. Второто Grand Prix беше доделено на проектот „Play It Safe“ за Сиднејската опера од агенцијата The Monkeys (дел од Accenture Song).
За наградата Glass: The Lion for Change, која ја слави креативноста што ја менува културата, се натпреваруваа 165 проекти. Притоа, жирито одлучи да додели седум „лавови“: 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени. Главната Grand Prix награда ѝ беше врачена на агенцијата Ogilvy Singapore за проектот „Transition Body Lotion“ за брендот Vaseline Proderma Transition Body Lotion.
Во категоријата Sustainable Development Goals Lions, која ги слави креативните решенија што се стремат да влијаат позитивно на светот, беа прифатени 593 проекти.Стручното жири одлучи да додели 20 „лавови“: 4 златни, 5 сребрени и 10 бронзени. Главната Grand Prix награда ја доби проектот „Renault – Cars To Work“ за брендот Renault од агенцијата Publicis Conseil Paris.
Во специјалната категорија The Dan Wieden Titanium Lions, посветена на провокативните дела кои ги преминуваат границите и означуваат нов правец во креативната индустрија, се пријавиле 200 проекти. Притоа, жирито одлучи да додели четири титаниумски „лавови“, додека пак главната Grand Prix награда ја добија агенциите Wieden+Kennedy Portland и Superette San Francisco за кампањата „DoorDash-All-The-Ads“ за брендот DoorDash.
Специјалното Grand Prix for Good, како призние за употребата на креативноста со цел позитивно влијание во светот, беше доделено на организацијата „Репортери без граници“ и агенцијата Innocean Berlin за рекламите: „The First Speech. Russia“, „The First Speech. Turkey“ и „The First Speech. Venezuela“.
Во натпреварот за млади креативци Young Lions се натпреваруваа најдобрите млади креативци од повеќе национални натпревари, кои имаа задача да изработат наменски проекти за однапред дадени теми во неколку различни категории. Добитниците на златни, сребрени и бронзени награди во натпреварот Young Lions може да се разгледаат на следниот ЛИНК.
На последната фестивалска вечер од Cannes Lions 2024 беа прогласени и најкреативните агенции, агенциски мрежи, продукциски куќи и брендови во изминатата година:
Креативна компанија на годината
- WPP
- Omnicom
- Interpublic Group
Агенциска мрежа на годината
- Ogilvy
- Publicis Worldwide
- DDB Worldwide
Независна агенциска мрежа на годината
- Rethink
- Edelman
- Serviceplan Agenturgruppe
Агенција на годината
- Publicis Conseil, Париз, Франција
- Rethink, Торонто, Канада
- Ogilvy, Њујорк, САД
Независна агенција на годината
- Rethink, Торонто, Канада
- Edelman, Лондон, Обединето Кралство
- Klick Health, Торонто, Канада
„Златна палма“ за најдобра продукциска куќа на годината
- Smuggler, САД
- Revolver, Австралија
- Uncharted Limbo Collective, Обединето Кралство
- O Positive, САД
- Iconoclast, Франција
Креативен бренд на годината
- Coca-Cola
- Heineken
- Apple
Сите финалисти и победници на Cannes Lions се достапни за прегледување на The Work. Дополнителни информации за фестивалот може да се најдат на canneslions.com.