Унгарската влада на дневен ред за следната недела предлага собранието да донесе закон со кој ќе им се забрани на адвертајзинг агенциите да склучуваат договори со медиските групации за користење на бонуси при реализација на медиа плановите.
Предлог законот се планира да биде во сила од почетокот на 2016 година и со него медиумите ќе бидат ограничени да ги “наградуваат“ агенциите со бонусите кои таму вообичаено се движат од 20-25% (во ретки случаи стигнуваат и до 50%) кои ги добиваат агенциите заради тоа што ги “упатиле“ своите клиенти да се огласуваат на тој медиум.
Откако новиот закон ќе биде усвоен, медиумите ќе склучуваат договори за огласување директно со огласувачите (без агенција како посредник) кои ќе мора да им платат директно на самите медиуми.
Ова информација денеска ја пласираше унгарскиот дневен весник Napi Gazdaság а ја пренесоа и повеќе други унгарски веб портали.