Почнувајќи од 1 јули, нов генерален директор на Групацијата Нелт е Дарко Лукиќ, откако помина повеќе од три години на позицијата извршен потпретседател на оваа компанија. Заедно со менаџерскиот тим, во наредниот период ќе продолжи да ја спроведува деловната стратегија на компанијата, со фокус на зајакнување на целата организација, стратешки развој на брендовите, јадранскиот пазар и африканскиот пазар.
Својот прв работен ден како генерален директор, Дарко го започна симболично на терен со своите колеги од одделот за продажба, сакајќи да ја покаже својата лична посветеност и да укаже на значајниот придонес на сите членови на организацијата.
„Ова е многу посебен ден за мене, бидејќи претставува ново поглавје во мојот професионален живот. Денеска сум на терен со вработените, бидејќи луѓето се тие што ја сочинуваат компанијата, тие се нашиот најважен ресурс. Сакам да ги слушам вработените, да ги слушнам нивните потреби, идеи и размислувања. Дополнително, да разговарам со купувачите, деловните партнери и сите надворешни клучни соработници со цел да се обезбеди најдобра услуга и производи. Како компанија стратешки продолжуваме со трансформацијата која се заснова на здрава организација, инвестиции во дигитални иновации и диверзификација на бизнисот на Нелт“ – истакнува Лукиќ.
Дарко Лукиќ е дел од Групацијата Нелт од 2021 година и има долгогодишно искуство во корпоративно управување на високи позиции. Во компанијата Coca-Cola Hellenic Bottling Company беше задолжен за стратешки проекти во канцеларијата на генералниот директор, додека во компанијата Procter & Gamble работеше повеќе од 11 години на неколку високи менаџерски позиции во областа на финансиите. Во Нелт, тој значително придонесе за креирање и спроведување на стратешки проекти и иницијативи.