Туристичката организација на главниот норвешки град Осло лансираше необична кампања во која го поставува прашањето „Дали воопшто се работи за град?“
Снимен во документарен стил, централниот филм на кампањата го следи Халфдан, 31-годишен жител на Осло, кој се жали дека неговиот град е премногу опуштен, мирен, мал, едноставен, без ексклузивитет – едноставно досаден. „Осло повеќе се чини како село, можеби?“ – реагира незадоволно Халфдан.
Штосот е во тоа што сето она што му пречи на Халфдан се всушност најпривлечните работи за Осло, каде луѓето можат да уживаат во одмор без срес, брзање, турканици и тешкотии, и тоа со морски поглед, чисти улици, убава архитектура, лускузни ресторани и богати музеи.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција NewsLab AS.