Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum претстави уште два нови говорници кои ќе зборуваат на овогодишното издание, закажано за 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија.
Незамисливи културни решенија
Организаторите на фестивалот со задоволство го најавуваат Кентаро Кимура, меѓународен генерален креативен директор и корпоративен директор на јапонската агенција Hakuhodo и водно претседател на жирито за секцијата Omni-Channel на Golden Drum.
Како ко-основачот на креативниот бутик Hakuhodo Kettle, Кентаро има помогнато во револуционизирање на огласувањето за врвни брендови како Toyota, Sony и Google. Сега, тој го насочува креативниот развој на меѓународните канцеларии на Hakuhodo, постојано поттикнувајќи ги иновациите.
Кентаро ќе зборува за сложеноста на современите проблеми со кои се соочуваат клиентите и општеството. Што се случува кога конвенционалните „универзални решенија“ повеќе не функционираат? Проследете ја оваа просветителска сесија, каде што тој ќе илустрира како истражувањето на локалните култури може да инспирира иновативни глобални решенија.
Прифаќање на различностите во Источна Европа
Следен говорник на Golden Drum ќе биде Гај Вијинк, глобален извршен директор на AnalogFolk Group и претседател на жирито за секцијата One-Channel Drum. Гај е професионалец во развојот на агенциите фокусирани на иднината и користењето на дигиталните канали за да испорача релевантни резултати! Од 2019 година, тој го водеше меѓународниот раст на AnalogFolk, а во 2021 година стапи на функцијата извршен директор на AnalogFolk Group – напредна маркетиншка и технолошка компанија што го отвора патот кон една попаметна иднина.
На сцената на Golden Drum, Гај ќе го насочи вниманието кон енергичната креативна „мешалица“ на Источна Европа. Славејќи ги различностите во регионот, тој ја нагласува важноста на подигнување на гласовите од целиот свет. Не пропуштајте го неговиот страствен повик за инклузивност во уметностите и за трансформативната моќ на креативноста во обликувањето на посветла иднина!
Пријавувањето за натпреварот е во тек
Не заборавајте дека рокот за поднесување на вашите пријави во натпреварувачкиот дел на Golden Drum полека, но сигурно се приближува! Соберете ги вашите најдобри креативни решенија до 21 август 2024 година и искористете ја можноста да застанете покрај лидерите во индустријата на реномираниот фестивал Golden Drum!
Сите информации за фестивалот се достапни на следниот ЛИНК.