По повот глобалното лансирање на моделот EV3, јужнокорејскиот производител на автомобили Kia нè води на епско патување низ целиот свет за да покаже како најновиот целосно електричен компактен SUV има моќ да го придвижи секого во ерата на електричната мобилност.
Во централниот спот насловен “A moving power” („Моќ која придвижува“), она што започнува како возење во раздвижен азиски град се развива во глобална авантура. Преку паметни техники на монтажа, филмот беспрекорно преминува од сцена во сцена, доловувајќи ги волшебните моменти на луѓе од целиот свет. И покрај различните приказни, кај сите нив се провлекува една заедничка нишка: Kia EV3, возило на напредок и ветување за забрзана електрификација на човечката мобилност.
„Со револуционерен дизајн, водечки електричен погон во индустријата и практични решенија за иновативен начин на живот, Kia EV3 е повеќе од подготвен да им овозможи на сите пристап до најновата EV технологија која ќе ги увери оние кои можеби се двоумеле дали да се префрлат на електричната мобилност и да го поттикнат масовното усвојување на електричните возила. Накратко, тоа е автомобил кој ќе го револуционизира пејзажот на електричните возила ширум светот, а токму тоа прекрасно го демонстрира оваа кампања на Innocean Berlin“ – истакнува Чанг Сунг Рју, виш потпретседател за глобален брендинг и корисничко искуство во Kia.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Innocean Berlin. Спотот е режиран под водство на режисерското дуо JUNGLE, поддржани од директорот на фотографија Пјер де Кершов и продукцисккото студио Tony Petersen Film.