(РЕГИОН) – Огласувачите во Србија во текот на 2014 година инвестирале околу 18,16 милиони евра во online огласување, што е за околу 11,8% пораст во однос на претходната година – рече претседателот на УО на ИАБ Србија и дигитал менаџер во агенцијата Direct Media, Г-дин Владимир Аранџеловиќ на конференцијата Digital Day 2015.
Претставувајќи ги резултатите од Adex извештајот за инвестиции во огласувањето на интернет откри дека display огласувањето во Србија зазема речиси 45% од целиот online колач a po okolu 14% припаѓаат на Google и Facebook.
Исто така тој додаде и дека мобилниот маркетинг зазема нешто повеќе од 2% од пазарот, но и дека е медиум кој има најголем раст, односно дека се зголемил за неверојатни 108% во однос на претходната година.
Извор: MarketingMreza