Ford го претстави новиот целосно електричен автомобил Capri, неколку недели по лансирањето на социјалната кампања „Buzz“ предводена од фудбалската легенда Ерик Кантона.
Електризирањето на една автомобилска легенда не е лесен подвиг, но храбрата нова маркетинг иницијатива на Ford помогна да се претстави новото електрично Capri на 20 европски пазари, покажувајќи освежен, динамичен и храбар пристап.
Креативната стратегија се засноваше на темите на бунтовна непослушност и носталегија, а беше предводена од легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона – личност позната по својата харизма, страст и докажана способност повторно да се изгради како актер, а потоа и пејач.
„Адаптацијата на Capri за електричната ера е повеќе од обновување на една класика. Тоа е јасен показател за тоа каде се движи Ford во Европа – оди подалеку од очекуваното, со иконични електрични возила што зрачат со душа и харизма. Промоцијата на ова познато име доаѓа со голема одговорност: почит кон легендата и амбиција за нова ера на возачите на Capri. Со оваа кампања отидовме многу подалеку од нашата комфорна зона, враќајќи го Capri со јасен став за она што се залага Ford“ – истакнува Пит Зилиг, маркетинг директор на Ford за Европа.
Кампањата се реализира во соработка со агенцијата Born Social и со поддшка на WPP | Ford.