Луксузниот француски бренд за козметика Lancôme и агенцијата Publicis Luxe ја слават убавината ова лето, кога сите очи се вперени во Париз, во нова кампања со глобалната амбасадорка на брендот Аја Накамура (фотографирана од Солве Сундсбо).
Кампањата ќе се спроведува до 31 август на аеродромите во Париз и од 22 до 28 јули на фасадата на Galeries Lafayette Haussmann, во центарот на Париз. Кампањата е поддржана со дигитален екосистем, особено преку видеа со проширена реалност емитувнаи преку дигитални дисплеи поставени на париските споменици.
Пејачката Аја Накамура, културна икона и најслушан француски изведувач во светот, прерасна во моќен симбол на Франција. Таа е и олицетворение на модерната, смела жена која не се плаши од ништо и ја дефинира убавината по свои услови.
Сето ова се вредности вклучени во кампањата „Убавината никогаш не запира“ создадена од креативната агенција Publicis Luxe и продукциската куќа Prodigious.
Кампањата доаѓа по неколку значајни достигнувања за Publicis Luxe и за Lancôme. Агенцијата неодамна освои златен лав на последниот Cannes Lions, додека пак Аја Накамура пред неколку месеци објави документарен филм во продукција на Lancôme.
ЗАСЛУГИ:
PHOTOGRAPHY
Sølve Sundsbø
LANCÔME
Françoise Lehmann, Mylène Kerjean, Sylvia Tournery, Antoine Morin, Ningjing Zhang, Stephanie Judd, Camila Manrique, Soizic Le Guenniou, Olivier De Bondy
PUBLICIS LUXE
ECD: Marie-Eve Schoetll, David Soussan
Creatives Director: Gregory Athea, Nicolas Chauvin
Artist Director: Nicolas Chauvin, Amine Bouzidi, Vanessa Durand, Yohan Dubray
Copywriter: Gregory Athea
Lead commerce: Donatien Souriau, Alexis de Montaigu, Matthieu Daversin, Guillaume Puget, Yasmine Kihoul
Production Publicis Luxe: Zelda Bensoussan, Anne-Laure Cottereau, Anne-Sophie Dhomps, Nathalie Benchetrit, Christine Haccoun, Karen Verdier, Valerie Agnel-Selz
PRODIGIOUS
Production / Post-Production / Business Affairs: Jeremy Djaffer, Vanessa Martin Delion, Floriane Sandreschi, Dimitri Ginestous