Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“
Во рамки на платформата “Наша Гордост. Наша одговорност.”, култниот македонски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО, ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад. Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.
Како компанија која постојано го следи фидбекот на своите потрошувачи, оваа инвестиција е директно инспирирана од барањата на жителите на Охрид и Струга. За првпат, овие два града ќе добијат вендинг машини од ваков тип, кои ќе придонесат за зголемување на еколошката свест и одговорност меѓу граѓаните.
„Оваа иницијатива е огледало на нашата одлучност да придонесеме кон одржлив развој и да ги поддржиме локалните заедници. Платформата „Наша Гордост. Наша одговорност.“ е основа на нашите напори да ги интегрираме принципите на одржливост во секојдневието, и сме уверени дека оваа, како и сите претходни иницијативи, ќе донесат позитивни промени во општеството,“ вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.
“Како компанија која работеше на развивање и обезбедување на овие повратни вендинг машини, горди сме што придонесуваме кон значајното проширување на инфраструктура за селектирање отпад во Македонија. Нашата мисија е да создадеме услови за поефикасно и одржливо управување со отпадот, и овие вендинг машини за селектирање отпад се чекор напред кон тоа,” вели Ико Брдароски, кој што е дел од менаџментот на компанијата Пакомак.
Оваа инвестиција е дел од кампањата за продажба на специјално обележаните шишиња СКОПСКО и СКОПСКО Smooth, преку која за секое продадено шише, 1 денар беше наменет за организирање на неколку акции и инвестиции во опрема за чистење, собирање и селектирање отпад и зачувување на животната средина и македонските знаменитости.
Кон инвестицијата се приклучи и КАМ маркет кој обезбеди простор во своите маркети за поставување на вендинг машините за селектирање отпад.
Како компанија ориентирана кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.
Вендинг машините за селектирање отпад може да ги најдете на следните локации:
Охрид
Маркет ТАМАРО на ул. АСНОМ бр. 21
Т.Ц.Кам Вилиџ -Кам Маркет 7 Ноември бр 179 Охрид
Струга
Генц Дуа мол – Кам маркет Р1201 Струга
Миса Маркет Елпида Караманди-Цветан Димов(поранешен Тинекс) Струга