Новите серии на Galaxy Z Fold6, Z Flip6, Watch Ultra, Watch7 и Buds3 на Samsung ја продолжуваат моќта на Galaxy AI
Samsung Electronics денес ја објави глобалната достапност на Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7 и серијата Galaxy Buds3.
„Забележавме значителна возбуда кај потрошувачите по претставувањето на нашите најнови Galaxy уреди во Париз на почетокот на овој месец“, рече ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Со интегрирање на моќта на Galaxy AI во нашите разновидни уреди на преклоп, како и со проширување на нашето портфолио на екосистемот, ние ја продолжуваме нашата посветеност да го донесеме потенцијалот на вештачката интелигенција во рацете на милиони ширум светот“.
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6: Нови и разновидни AI искуства
Новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја отворија следната граница на Galaxy AI [i], користејќи ги своите уникатни форм-фактори кои ја унапредуваат комуникацијата, продуктивноста и креативноста како никогаш досега. Кога станува збор за комуникација, вие лесно ќе разберете некого на друг јазик, или слушајќи или разговарајќи со функцијата Преведувач [ii], искористувајќи го максимумот од уникатниот форм-фактор на двоен екран. Одговарајте додека сте во движење со функцијата Предложени одговори [iii], која препорачува приспособени одговори на пораките без да треба да го отворите уредот. Останете продуктивни со функцијата Композитор [iv], која генерира е-пошта и социјални објави засновани на само неколку едноставни клучни зборови, и со функцијата Помош за белешки [v], која нуди нова функција PDF вграден превод, како и транскрипција на аудио датотеки. Креативноста се зајакнува со функцијата Асистент за фотографирање [vi], пакет алатки за уредување засилени со вештачка интелигенција за креирање професионална содржина без напор. Плус, FlexCam, сега поддржана со Auto Zoom [vii], автоматски го врамува совршеното селфи без користење на рацете.
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се најтенките, најлесните, како и најиздржливите телефони од серијата Z досега. Екранот е надграден благодарение на подобрените слоеви на главниот екран, кои не само што нудат издржливост, туку и видливо го подобруваат преклопувањето. Galaxy Z Fold6 нуди нов сооднос на надворешниот екран, кој, исто така, поприродно легнува на раката, додека Galaxy Z Flip6 обезбедува врвно искуство со камерата, подолг век на батеријата и за прв пат, парна комора за максимизирање на перформансите во движење.
Подобрен Galaxy екосистем овозможен од Galaxy AI
Најновите додатоци на линијата Galaxy Watch заземаат централно место во визијата на Samsung за подобрување на дигиталното здравје и секојдневната благосостојба преку Galaxy AI. Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 овозможуваат подобрено следење на локацијата благодарение на двофреквентниот GPS систем [viii], кој ја следи локацијата на корисникот за вежбање во која било надворешна средина, од прометни градови до правливи патеки, попрецизно од кога било.
Серијата Galaxy Buds3 нуди елегантен нов дизајн на рабовите за модерен, но практичен стил, а со Canal Type за Galaxy Buds3 Pro Open Type за Galaxy Buds3 добиваме пар слушалки кои одговараат на секого без оглед на индивидуалната желба. Звукот со ултра висок квалитет [ix] испорачува извонредни детали во секој звук, а со функцијата за повици Супер широк опсег [x], телефонските повици може да се слушаат со беспрекорен квалитет дури и во бучни средини.
Достапност [xi]
Galaxy Z Fold6 е достапен во следните бои: сребрена сенка, розова и темносина. Galaxy Z Flip6 е достапен во следните бои: сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена.
Galaxy Watch Ultra е достапен во големина од 47mm во титаниум сива, титаниум бела и титаниум сребрена боја. Galaxy Watch7 е достапен во две големини, 40mm и 44mm. Изберете зелена и кремаста боја за големината од 40mm и зелена и сребрена боја за големината од 44mm.
Серијата Galaxy Buds3 е достапна во две бои, сребрена и бела.
За повеќе информации посетете ја веб страницата на Samsung.
***
[i] Можеби ќе биде потребно најавување на сметката на Samsung за да се користат одредени функции на Samsung AI. Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или доверливоста на резултатот што го обезбедуваат функциите на AI. Достапноста на функциите на Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на оперативниот систем/One UI, моделот на уредот и операторот. Достапноста на некои функции може да се разликува во зависност од моделот на уредот. Услугата Galaxy AI може да биде ограничена за малолетници во одредени региони со старосни ограничувања во однос на употребата на вештачка интелигенција. Функциите на Galaxy AI ќе бидат бесплатни до крајот на 2025 година на поддржаните Samsung Galaxy уреди. Може да важат различни услови за функциите со AI обезбедени од трети страни.
[ii] Функцијата Преведувач бара најавување на сметката на Samsung. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста и поддржаните функции може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Достапноста на поддржаните јазици може да варира.
[iii] Функцијата Предложени одговори за функцијата Помош за разговор бара мрежна врска за примање пораки. Таа може да предложи одговори со или без мрежна врска откако ќе ги прими пораките од уредот. Потребно е најавување на сметката на Samsung. Поддржано само од FlexWindow на Galaxy Z Flip6. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот и апликацијата. Точноста на резултатите не е загарантирана.
[iv] Функцијата Композитор бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
[v] Функцијата Помош за белешки бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Функцијата за снимање глас во апликацијата Samsung Notes може да не е поддржана во некои земји. Функцијата за сумирање се активира кога ќе се достигне одреден број знаци кој е под границата за бројот на знаци. Аудио-датотеките мора да траат под 3 часа за да се обработат. Точноста на резултатите не е загарантирана. Вграден превод не е поддржан за PDF-датотеки обезбедени со лозинка.
[vi] Функцијата Асистент за фотографирање бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Уредувањето со функцијата Генеративно уредување резултира со промена на големината на фотографијата до 12 MP. Воден печат е видлив на добиената сликата по зачувувањето со цел да се покаже дека сликата е генерирана со вештачка интелигенција. Точноста и доверливоста на генерираниот резултат не се загарантирани.
[vii] Функцијата Auto Zoom е ограничена во услови на слаба осветленост. Режимот за Auto Zoom ќе се исклучи ако зумирањето се прилагоди рачно или ако се префрли помеѓу предната и задната камера.
[viii] Точноста на GPS може да варира во зависност од мрежното опкружување и други фактори. Функцијата за GPS бара интернет врска. Може да се користи на LTE модели без споен паметен телефон. Моделите кои не се LTE бараат поврзување со Bluetooth со споениот паметен телефон.
[ix] Звук со ултра висок квалитет до 24bit/96kHz е достапен во сериите Galaxy S24, сериите S23, Z Fold6, Z Flip6, Z Fold5, Z Flip5 и сериите Tab S9 со One UI 6.1.1 или понова верзија. Функцијата за звук со ултра висок квалитет е моментално достапна само на одредени Samsung Galaxy уреди. Во иднина може да бидат поддржани и дополнителни уреди.
[x] Функцијата за повици Супер широк опсег им овозможува на Buds да пренесуваат глас до 16 kHz, додека претходните слушалки BT пренесуваат само до опсег од 8 kHz.
[xi] Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и операторот.