Американската технолошка компанија OpenAI започна со тестирање на SearchGPT, прототип на нови пребарувачки функции дизајнирани да ја комбинираат силата на нивните модели со вештачка интелигенција со информации од интернет мрежата, со цел обезбедување брзи и навремени одговори со јасни и релевантни извори.
„Започнуваме со мала група корисници и издавачи за да добиеме повратни информации. Иако овој прототип е привремен, планираме да ги интегрираме најдобрите од овие функции директно во ChatGPT во иднина“ – објаснуваат од OpenAI.
Нов начин на пребарување
Добивањето одговори на интернет може да одземе многу време и честопати бара поголем напор и повеќекратни обиди за да се добијат релевантни резултати. Од OpenAI веруваат дека со подобрување на способностите за разговор на нивните јазични модели со информации во реално време од интернет, наоѓањето на она што го барате може да биде побрзо и полесно.
Дизајниран да ви даде одговор
SearchGPT брзо и директно ќе одговора на прашањата на корисниците со ажурирани информации од веб, истовремено нудејќи јасни референци до релевантни извори. Корисниците ќе имаат можност да поставуваат дополнителни прашања – исто како да разговарате со некоја личност, со градење на заеднички контекст со секое пребарување.
Партнерство со издавачи и креатори на содржини
SearchGPT е дизајниран да им помогне на корисниците да се поврзат со издавачите преку јасно цитирање во пребарувањето. Одговорите на пребарувачот имаат јасно назначено референцирање и извори, така што корисниците точно знаат од каде доаѓаат информациите и на тој начин можат брзо да стапат во интеракција со уште повеќе резултати во страничната лента со изворни врски.
„Посветени сме на просперитетен екосистем на издавачи и создавачи. Се надеваме дека ќе им помогнеме на корисниците да откриваат сајтови на издавачи и нови искуства, истовремено овозможувајќи поголем избор за пребарување. Со децении, пребарувањето беше основен начин за издавачите и создавачите да стигнат до корисниците. Сега, ние користиме вештачка интелигенција за да го подобриме ова искуство со истакнување на висококвалитетни содржини во разговорен интерфејс со повеќе можности за ангажман на корисниците“ – велат од OpenAI.
Од компанијата посочуваат дека имаат активна соработка со издавачите, од кои постојано бараат повратни информации со цел да го унапредат новото пребарувачко искуство. Издавачите добиваат и нов начин за да управуваат со тоа како се појавуваат во SearchGPT, овозможувајќи им поголем избор.
Од OpenAI истакнуаат дека SearchGPT е наменет само за пребарување и е одделен од обуката на генеративните модели засновани на вештачка интелигенција на OpenAI. Сајтовите може да се појават во резултатите од пребарувањето дури и ако се откажат од генеративната обука за вештачка интелигенција. Повеќе за односот помеѓу издавачите и ботовите на OpenAI можете да прочитате на следниот ЛИНК.
Што доаѓа следно
Од OpenAI ќе продолжат со подобрување на пребарувачот во области како што се локалните информации и трговијата. Исто така, врз основа на добиените повратни информации од корисниците и издавачите, OpenAI планира да ги интегрира најдобрите функции од пребарувачот и во четботот ChatGPT.
Оние кои се заинтересирани да го испробаат новиот SearchGPT, можат да се приклучат кон листата за чекање на следниот ЛИНК.