Италијанската мултинационална компанија за кондиторски производи Ferrero ја избрала агенциската мрежа McCann Worldgroup да управува со креативното портфолио на брендовите Kinder и Tic Tac во Европа, Блискиот Исток, Африка и Азиско-Пацифичкиот регион, пренесува магазинот Campaign.
Агенцијата исто така ќе ја развива бренд стратегијата за двата брендови на глобално ниво, а истовремено го доби и раководењето со креативните активности за сите брендови на Ferrero на мексиканскиот пазар.
Изборот на McCann Worldgroup доаѓа по деветмесечна ревизија со која Ferrero имале за цел да ја подобрат ефективноста на нивното глобално агенциско портфолио, резултирајќи со нови партнери за поддршка на глобалните креативни иницијативи на компанијата.
Во внатрешно писмо до вработените на McCann Worldgroup, глобалниот извршен директор Дерил Ли посочил дека Kinder е најголемиот бренд за чоколади во светот, а Tic Tac го претставува најинтернационалниот бренд на Ferrero.
„Оваа тешко извојувана победа беше неверојатна демонстрација на моќта на нашата глобална мрежа на McCann Worldgroup која што создава заедно, работи заедно и соработува заедно во однос на секој регион, капацитет и пазар“ – истакнал Ли во писмото до вработаните на McCann Worldgroup.