Јубилејното десето издание на единствениот редовен бизнис нетворкинг настан во Скопје “Бизнис Кафе Македонија“ повторно носи одлични говорници кои со посетителите ќе ги споделат најважните моменти од нивните досегашни кариери, најголемите предизвици со кои се соочиле и формулата за нивните деловни успеси.
На 26-ти мај од 18.00 ч. во Brooklyn Lounge Bar (поранешнa Arabesque) во Скопје, посетителите ќе имаат можност да ги чујат искуствата од Г-динот Филип Ивановски (директор на Пакомак ), Г-а Марина Анчевска (основач и генерален менаџер на Центарот за бизнис психологија – Системски НЛП ) и Г-динот Роберт Чобан (Oсновач и претседател на медиумската куќа Color Press Group од Србија издавач на Свет, Лепота и здравје, CKM, Браво, JOY, Auto Start, Metal Hammer, TV Novele, Alan Ford, PC Magazin, Bratz, Girl Talk…).
Дружењето на настанот обично трае 2-3 часа во кои првиот час е резервиран за гостите кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учеството на “Бизнис Кафе“ е одлична прилика за нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери како и можност за освојување на интересни награди кои организаторот ги доделува на секој настан.
Цената на влезницата изнесува 300 денари и може да се купи online преку следниов ЛИНК.