Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum со задоволство го најавува Рику Васинен, извршен директор на Hasan & partners и визионерски креативен стратег, кој од Финска ќе дојде во словенечки Порторож за да одржи предавање на претстојното издание на фестивалот.
Во својата богата кариера која опфаќа три континенти – Африка, Азија и Европа – Рику соработувал со врвни брендови како што се Google, Netflix и Coca-Cola. Тој е исто така успешен автор, а неговата последна книга „Greenwashing Economics“ навлегува во предизвиците за градење одржливи брендови во неодржлив свет.
На сцената на Golden Drum, Рику ќе одржи предавање насловено како “Sustainability is not a laughing matter – or is it?” („Одржливоста не е тема за смеење – или е?“). На тој начин ќе се обиде да ја предизвика фиксацијата на индустријата да поставува преобемни „каузи“ за брендовите, што всушност доведува до губење на фокусот. Наместо тоа, Рику ќе ги открие најодржливите начини за градење трајни брендови – со интегрирање на креативноста и хуморот во вашиот пристап!
Јубилејното 30. издание на фестивалот Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. Сите информации поврзани со настанот и начинот на учество можете да ги најдете на следниот ЛИНК.