Српската Marketing mreža го отвори конкурсот за 10-то јубилејно доделување на престижните награди – KAKTUS 2024. Од оваа година, за првпат, ќе можат да аплицираат сите заинтересирани компании и агенции од целиот регион, кои во претходниот период ги реализирале своите кампањи на пазарите во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
Наградите се доделуваат во 25 категории, а се доделуваат на организации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. Главните награди на фестивалот се, како и досега: „Агенција на годината“, „Огласувач на годината“ и „Интегрирана кампања на годината – Grand Prix“. Како и претходните години, KAKTUS 2024 ги слави само оние идеи кои ги надминуваат границите на очигледното, односно и покрај тешките услови инспирираат и произведуваат најефикасна комуникација со целните групи. Конкурсот е отворен до 11 октомври.
Новитет во овогодинешното издание на KAKTUS 2024 е новата категорија „Podcast“. Во оваа категорија ќе биде награден најдобриот поткаст кој носи поразлична, свежа, едукативна, забавна содржина и претставува примарен канал на комуникација во рамките на кампањата.
Исто така, почнувајќи од оваа година, кампањите ќе може да се пријавуваат исклучиво во видео формат до 3 минути, а воведен е и “disclaimer” за вештачка интелигенција, што значи дека доколку во развојот на кампањата се користеле некакви алатки со вештачка интелигенција за креирање визуелни решенија или идеи, задолжително е во формуларот за апликација јасно да биде наведено како се користела вештачката интелигенција и во колкав процент во рамки на пријавената кампања.
За да се обезбеди дополнително објективно, независно и професионално жирирање, во овој процес беше воведена уште една новина, а тоа е поделбата на жирито на едноканално и повеќеканално. Кој ќе ги добие овогодинешните KAKTUS награди одлучува стручно жири составено од признати и почитувани професионалци од креативни, ПР, дигитални агенции, продукциски куќи и компании од Србија и регионот. Нивните имиња ќе бидат објавени најдоцна до 20 септември.
Право на учество на овогодишниот натпревар имаат кампањи кои биле спроведени или во најголем дел реализирани во периодот од 1 август 2023 до 1 август 2024 година.
„Ги прашавме колегите од компаниите и агенциите – како гледаат на јубилејниот 10-ти фестивал KAKTUS? Тие одговорија – како силен регионален фестивал. Затоа решивме од оваа година да одиме САМО ОСТРО, да одиме РЕГИОНАЛНО. Веруваме дека фестивалот KAKTUS ја докажа својата сила, упорност и иновативност во изминатите 10 години и дека е целосно подготвен да го направи тој голем регионален чекор. Затоа сега конкурсот за наградите KAKTUS станува можност да се измери, на регионално ниво, дали нашите идеи се навистина различни и оние што опстојуваат. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе укажат на развојните трендови, но и на предизвиците кои ја одредуваат иднината на креативната индустрија во регионот, бидејќи фестивалот KAKTUS е идеална можност да се види силата и потенцијалот на регионалната креативност“ – изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Marketing mreža, која е организатор на фестивалот KAKTUS 2024.
Наградите ќе бидат свечено доделени на 10. фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2024, кој годинава се одржува под слоганот „Само остро“. Фестивалот ќе се одржи на 26 и 27 ноември во Белград.
Условите на конкурсот, правилата и категориите, како и формуларот за пријавување и Деловникот за работа на жирито, може да се разгледаат на веб-страницата www.kaktus.rs.
Официјалниот хаштаг на фестивалот е #kaktus2024