Ирскиот бренд на темно пиво Guinness ја отпочнува својата најголема глобална кампања до сега, означувајќи го своето деби како Официјално пиво и Официјално безалкохолно пиво на англиската фудбалска Премиер лига.
Како дел од кампањата, брендот ќе објави четири нови видео реклами кои ја илустрираат нераскинливата врска помеѓу љубителите на прекрасната игра и убавото пиво.
Во првиот спот насловен „Eriskay“, кој ќе се емитува во Обединетото Кралство и Ирска, дејството се случува на остров каде што 10% од населението играат за единствениот фудбалски тим на островот, славејќи ја страста за играта и брендот меѓу најоддалечените заедници во светот.
Следната реклама „Rooftop“ ќе биде објавена на глобално ниво во следните недели, а ќе се осврне на тоа како љубовта кон играта, споделена од група колеги во некој трговскиот центар во Сеул никогаш не престанува, дури и додека остатокот од градот спие.
Како дел од новата кампања, Guinness повторно го враќа спотот „Brothers“ за африканскиот пазар, доловувајќи ја заразната страст на двајца браќа – Миракл и Абидеми – кои организираат заедничко гледање фудбал за своите сожители во Нигерија.
Четвртиот спот насловен „Replay“ ќе биде објавен наскоро на азиските пазари, осврнувајќи се на фановите кои не успеале да ги гледаат натпреварите во живо и сега мораат да изведуваат натчовечки напори за да избегнат „спојлери“ пред да ја гледаат репризата.
Покрај спотовите, кампањата исто така ќе вклучува надворешни реклами и билборди, брендирани активации во пабови и маркети, како и покровителство на наградата за „Гол на месецот“. Амбасадор на брендот ќе биде легендарниот англиски напаѓач и досега најуспешен голгетер во Премиер лигата, Алан Ширер.
Реализацијата на кампањата ќе биде координирана во соработка со креативната агенција AMV BBDO.