Натпреварот кој ја слави најреволуционерната креативност во Европа, Eurobest, го отвори конкурсот за пријавување проекти за своето 37. издание.
Новитет за Eurobest 2024 е воведувањето на наградната категорија “Creative B2B” со цел славење на револуционерната креативност и ефективност за производи, предлози, услуги, решенија или искуства чиј примарен купувач е деловен носител на одлуки или група носители на одлуки/купувачи кои прават трансакции во име на други бизниси. Учесниците ќе треба да демонстрираат краткорочни тактики и долгорочни стратегии за изградба на брендови кои што поттикнуваат поврзување со клиентите, ја подобруваат позицијата на брендот и го поттикнуваат деловниот раст.
По успехот со воведувањето на категоријата „Хумор“ на Cannes Lions оваа година, учесниците ќе можат да ги пријават своите хумористични проекти во специфична категорија како дел од културните и контекстуалните секции, со цел да и се оддаде признание на уметноста на хуморот во брендираните комуникации. Покрај унапредувањето на процесот на пријавување со фокус на одржливоста, разноликоста, еднаквоста, инклузивноста и културниот контекст, другите промени вклучуваат освежување на наградната категорија за „Иновации“, проширување на нејзината понуда за да опфати поширок спектар на иновации, освежување на категоријата за „Односи со јавноста“ со цел прецизно ја рефлектира тековната ПР индустрија, како и освежување на категоријата за „Социјални мрежи и инфлуенсери“ за да им се оддаде признание и да се слави клучната улога што креаторите на содржини ја играат во обликувањето и засилувањето на брендираните пораки.
„Ова е возбудливо време за креативност во Европа, што се рефлектира низ еволуцијата на нашите награди, вклучувајќи ја и сосема новата награда Creative B2B. По успехот на Европа на Cannes Lions оваа година во B2B, ова е соодветно време да се воведе оваа награда и да се сврти вниманието на креативната работа во овој простор. Со нетрпение очекуваме да ги прославиме најдобрите креативни дело во регионот што не само што ќе го постави индустрискиот стандард, туку ќе го поведе напред“ – истакнува Маријан Бранели, глобален директор за награди во LIONS.
За прв пат, заедничката иницијатива на LIONS и ANA позната како “CMO Growth Council” ќе се одржи во Лондон на 14 ноември 2024 година за време на Eurobest. Домаќин на настанот ќе биде Bloomberg Media, а тркалезната маса ќе ја сочинуваат истакнати маркетери од глобални и локални брендови кои ќе ги споделат сопствените искуства и сознанија како да се забрза растот на бизнисот и да се унапредат принципите на работа за успешно движење низ еволуирачкиот медиумски пејзаж. Колективните придонеси од оваа сесија ќе бидат вклучени во прирачници, планови и активности кои ќе бидат претставени на глобалниот состанок на “CMO Growth Council” за време на Cannes Lions во 2025 година.
Крајниот рок за пријавување на Eurobest е 17 октомври 2024 година, а регистрацијата во натпреварот за млади креативци ќе трае до 9 септември 2024 година. Дополнителни информации за натпреварите може да најдете на www.eurobest.com.