Во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“, се организира дводневен настан/прв Прекуграничен Саем на Вработување наречен “ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” (“OPPORTUNITY4YOU DAYS”) како завршница и „круна“ на самиот проект.
Летово, на 27 и 28 август, Лесковац ќе биде во фокус заради повеќе настани, меѓу кои и првиот- пионерски саем од ваков тип кој ќе ги отвори вратите, можностите и визиите на компаниите кои се стремат кон просперитет и добиваат шанса за етаблирање во зоната на „Отворен балкан“, како и на барателите на работа, и лицата кои се стремат кон кариерен развој. Можноста е ексклузивна и за обете страни, бидејќи ќе се сретнат одблизу, вмрежуваат, соработуваат, разменуваат искуства и потреби. Дефицитарните и квалификувани кадри ќе можат да се претстават пред компаниите кои се перспективни и ги следат современите текови во изборот на човечките ресурси, при тоа создавајќи колективни вредности и пријателстава со можност за нови членови во „коорпоративните семејства“, како резултат на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“.
Во контекст на навремената организација и учество на саемот кој ќе се одржи во просториите на хотел Бавка, Горњи Буниброд, Лесковац, организаторотите ги повикуваат сите заинтересирани за нови вработувања, или оние кои сакаат да го етаблираат своето претпријатие како посакувано место за таленти, да го регистрираат своето учество на следниот линк: https://sansazatebe.info/mk/events/saem-mk-1/individual-registration, како организација – излагач.
Проектните партнери на проектот „Шанса за тебе“ ги покриваат трошоците за учеството на настанот, согласно критериумите кои важат за програмската област. Деталите за проектот и саемот се достапни во содржините на страницата и линкот. Во исто време заинтересираните посетители може да се регистрираат и на платформата за вработување https://region.sansazatebe.info/mk каде што може да се огласуваат и новоотворените позиции во претпријатијата.
Огласите се видливи за барателите на работа од двете страни на границата. Со предностите на „Отворен Балкан“ барателите на работа од двете страни на прекуграничниот регион (Србија и Македонија) можат да работат без бариери во двете држави.
Проектот „Шанса за тебе“ (бр. 48-00-00164-2021-28-3) во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Македонија 2016-2020 (во натамошниот текст: Проект) е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопскиот плански регион од Скопје, Македонија, Центарот за развој на Јабланичко-Пчињскиот округ од Лесковац и Општина Власотинце, Србија. Овој проект е кофинансиран од Европската Унија.
„ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ се стреми да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила, поттикнува воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор и придонесува за зголемување на капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програмите за вработување, сопштуваат организаторите на Саемот.