Michelin, францускиот производител на автомобилски гуми, составувач на туристички водичи и доделувач на ѕвезди за ресторани, ја избра агенциската мрежа Omnicom Media Group (OMG) како свој глобален партнер за медиумско планирање и закуп.
Одлуката на Michelin за партнерство со OMG доаѓа во време кога компанијата продолжува да го проширува своето глобално влијание и да инвестира во маркетинг иницијативи за поддршка на нејзината основна дејност, но и во нови деловни потфати. Партнерството ќе му овозможи на Michelin пристап до широката глобална мрежа на OMG, применувајќи иновативни медиумски решенија базирани на податоци.
И покрај неколкуте предизикувачки фактори кои влијаат на пазарот и перформансите, како што се намалената продажба на заменските единици и падот на продажбата во сегментот на патниот транспорт, вредноста на францускиот бренд останува конзистентна од година во година.
Всушност, Michelin важи за еден од највредните брендови на автомобилски гуми, со проценета вредност на компанијата од околу 7,9 милијарди долари. Годишниот буџет за медиумски инвестиции на Michelin се проценува на околу 89,5 милиони долари.