Халкбанк АД Скопје, преку симболот за детското штедење – Халки, ја продолжува својата општествено-одговорна иницијатива „Среќно прваче“, со која петта година по ред им подарува пакетчиња на првачиња од целата држава. Оваа година, над 2000 првачиња од повеќе општини, меѓу кои: Гевгелија, Штип, Битола беа дел од оваа акција. На првиот училишен ден, сите тие добија пакетче кое содржи основен училиштен прибор и „Букварот на Халки“, буквар за финансиска писменост.
Букварот на Халки има цел да ги научи децата на основите на финансиската писменост уште од најрана возраст. Букварот е специјално прилагоден за нивната возраст и преку илустрации ги запознава со основните финансиски поими и ги подучува за важноста на штедењето и финансиската одговорност. Дополнително, Халки на првачињата им подари основен прибор за почеток на учебната година, со дизајн кој упатува порака за еднаквост, солидарност и заедништво.
„Од исклучително значење е првачињата на првиот училишен ден да бидат среќни, насмеани и задоволни. Со оваа иницијатива сакаме да ја истакнеме важноста на децата, важноста на нивната среќа, разноликост, еднаквост, емпатија и другарство (единство). Воедно, со букварот за финансиска писменост, прв од ваков вид во нашата држава, сакакме да ги воведеме децата во светот на финансиската одговорност“ – истакнаа од Халкбанк АД Скопје.
Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, изрази задоволство од оваа акција: „Неизмерно сме радосни што нашите првачиња и оваа година добиваат можност да го започнат своето образование со вакви вредни подароци. Ваквите иницијативи не само што ги радуваат децата, туку го поставуваат темелот на нивниот успех во училиштето. Упатуваме посебна благодарност кон Халкбанк за оваа значајна иницијатива, која е многу позитивно прифатена во нашата општина.“
Иницијативата „Среќно прваче“ стана традиционален дел од општествено-одговорните активности на Халкбанк, која со оваа акција се стреми да поддржи квалитетно образование и да внесе позитивни емоции кај најмладите на првиот училишен ден.
„Почетокот на првата учебна година е посебен момент за секое дете и неговото семејство. Со оваа поддршка од Халкбанк, ние овозможуваме децата да го започнат својот образовен пат на најдобар можен начин. Им благодариме за нивната посветеност на едукацијата и благосостојбата на младите.“, изјави штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
Халки – симболот на детското штедење
Халки е симбол на детското штедење на Халкбанк, кој низ годините стана препознатлив лик меѓу најмладите. Со својата пријателска фигура и едукативни активности, тој ги учи децата на важноста од финансиска писменост, штедење и одговорност.
Халки е дел од бројни иницијативи на банката насочени кон поддршка и едукација на децата од најрана возраст, овозможувајќи им да изградат позитивни навики за иднината. Преку неговите приказни, активности и другарувања, децата учат важни теми за современиот живот: здрава животна средина, инклузија, прифаќање, креативно изразување и развивање добри животни навики како читање книги и штедење.
Халкбанк АД Скопје е една од најбрзорастечките банки во Македонија, со силна визија за поддршка на општеството преку иницијативи кои се фокусираат на едукацијата, еколошката свест, културните вредности и спортските активности. „Среќно прваче“ е една од овие иницијативи.