SoMo Borac веќе 12 години ги наградува најдобрите дигитални проекти и кампањи во регионот, а оваа година вторпат по ред наградната церемонија ќе биде придружена со конференција која ќе се одржи на 25. октомври во студентскиот центар во Загреб.
До 7. септември трае специјална акција „BACK 2 WORK ACTION“ како совршена можност за сите оние кои пополека се враќаат во деловниот ритам! Билетите за конференцијата SoMo Borac сега се достапни по намалена цена од само 99 евра, наместо редовните 229 евра.
Конференцијата SoMo Borac носи предавања од врвна класа, обезбедувајќи им на учесниците увид во најновите трендови и најдобри практики од светот на дигиталниот маркетинг и комуникациите. Ако сакате да бидете во тек со најновите иновации и да се поврзете со водечки експерти во индустријата, ова е вистинското место за вас.
Купете го вашиот билет по намалена цена до 7. септември и придружете се на конференцијата по повод 12-годишнината од SoMo Borac – наградите кои им оддаваат признание на најдобрите во дигиталниот свет.
Сите новости за овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, на нивната официјална веб-страница, какко и на профилите на Facebook, Instagram и LinkedIn. Додека ги чекате најновите информации за тоа што ни подготвуваат организаторите оваа година, слушајте ги минатогодишните предавања на YouTube.