Доделени беа вкупно седум Grand Prix награди за впечатливите кампањи „Тркач 321“, „Ние сме Ајенда“, „Квадратен метар“, „Моја јапонска железница“, „100-то издание“ и „Женски фудбал“
Наградите Gerety имаат уникатно жири кое ги избира најдобрите во огласувањето според моќна перспектива на женската публика, поставувајќи репери што се релевантни за пазарната реалност, истовремено редефинирајќи ги традиционалните стандарди во маркетингот.
Повеќе од 200 жирирачи од 47 земји кои учествуваа на овогодинешните Gerety Awards 2024, доделија 7 Grand Prix, 24 златни, 94 сребрени и 71 бронзени награди, со дополнителни 198 кампањи кои го добија статусот на финалисти. Жирирањето оваа година се одржа на 15 различни локации низ светот.
Овогодинешните добитници на Grand Prix ги вклучуваат:
– „Runner 321“ за adidas од FCB Canada во категоријата „Work for Good CUT (Alternative)“
– „We Are Ayenda“ за WhatsApp, од CreativeX, Meta US во категоријата „Entertainment CUT (TV/Cinema)“
– „The Square Meter“ за HORNBACH од HeimatTBWA\Germany Berlin во категоријата „Craft CUT (Production Design)“
– „The 100th edition“ за Frankfurter Allgemeine Zeitung од Scholz & Friends Berlin освои 2 Grand Prix награди во категориите „Craft CUT (Photography)“ и „Communication CUT (Print)“
– „My Japan Railway“ за JR GROUP од Dentsu Inc. во категоријата „raft CUT (Art Direction)“
– „WoMen’s football“ за Orange од Marcel Paris во категоријата „Communication CUT (Online Video)“
Најнаградувани земји на ова издание беа Германија, САД, Велика Британија и Франција. Специјалната награда за „Глобална агенција на годината“ ја доби Jung von Matt од Германија, благодарение на успешните кампањи како „ Rights against the Right“ за Laut gegen Nazis, „Merry Easter“ за Edeka, „The Bigger Draw“ за Hamburg Marketing, „Tramway to Love“ за BVG, „Father & Son Film“ за BMW и „Goals everywhere“ за adidas, меѓу останатите.
Првата трговска марка што престанува да тргува со нацистичка стока „Rights against the Right“ беше и најнаградуваната кампања воопшто, проследена од „The Square Meter“ за HORNBACH и „A Holiday to Remember“ од Chevrolet. Други врвни наградени брендови ги вклучуваат WWF, Одделот за туристички развој на Тенеси, McDonald’s, Frankfurter Allgemeine Zeitung и Wisp x Abortion Freedom Fund.
Погледнете ги сите победници за 2024 година на www.geretyawards.com