Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum соопшти дека го продолжува рокот за пријавување на натпреварот за млади креативци Young Drummers до 16 септември 2024 година.
Young Drummers е меѓународен натпревар кој ги препознава и слави младите и новите таленти во адвертајзинг и креативната индустрија. Наменет е за млади креативци под 30 години и е отворен за апликации од целиот свет.
Во соработка со Словенечкото туристичко биро, овогодишното издание на натпреварот се фокусира на темата: “You can’t spell Slovenia without love and that is why you must love it” („Не можете да ја напишете Словенија без љубов и затоа мора да ја сакате“).
Натпреварот претставува одлична можност за сите оние кои сè уште го градат своето име и сакаат да го привлечат вниманието на лидерите во индустријата. На победникот или победничката двојка ќе им биде доделена награда од 1.000 евра и бесплатна пропусница за фестивалот Golden Drum. Нивното креативно остварување ќе биде претставено на доделувањето на наградите, каде што победниците ќе ја добијат и својата награда.
Формат на пријавување: постер или серија на постери
Котизација: 50 ЕУР + ДДВ
Повеќе детални информации за Young Drummers можете да најдете на следната веб-страница: https://goldendrum.com/competition/young-drummers-competition.