Во потег што сигнализира значителна промена во нивната стратегија за дигитален маркетинг, платформата за онлајн трговија eBay ја избра агенцијата iProspect, дел групацијата на Dentsu, за своја нова глобална медиска агенција.
Согласно постигнатиот договор, iProspect ќе раководи со медиумското планирање и закуп за eBay на седум клучни светски пазари, и тоа: САД, Канада, Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија и Австралија.
Платформата за е-трговија ја започна ревизијата на својот медиски договор во април годинава, во потрага по агенција која може да ја поддржи глобалната трансформација на брендот – преминувајќи од децентрализиран модел на различни локални пазари до поцентрализиран модел кој обезбедува глобална ефикасност.
„Иако бевме многу импресионирани од сите агенции кои учествуваа, iProspect се истакнаа по нивната страст за брендот eBay и нивниот силен оперативен модел. Нивната поддршка ќе биде критична бидејќи се фокусираме на обемни кампањи кои се интегрирани ширум сите фази од корисничкото патешествие на купување и продажба. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со тимот на iProspect во 2025 година и понатаму“ – изјавил претставник на eBay за адвертајзинг магазинот Campaign.
Според предвидувањата на истражувачката компанија Comvergence, медиските инвестиции на eBay во 2024 година ќе изнесуваат околу 350 милиони долари. Од оваа вкупна сума, 175 милиони американски долари ќе бидат раководени од медиската агенција, додека пак перформанс маркетингот го работи самата компанија.