NEM 2015 е најголемиот медиумски настан во нашиот регион, а оваа година ќе се одржи во Дубровник од 9 до 11 јуни, во хотелот Дубровник Палас. Еден од истакнатите говорници на овогодинешниот NEM е и Aleks Hadbank, директор за pay-TV пазарите во развој во Modern Times Group. Господинот Habdank ќе учествува на панелот „Дали second screen секогаш ќе биде во сенка?“ на кој со колегите ќе продискутира за влијанието на second screen гледањето врз рејтинзите, продажбата на огласите и ангажираноста на социјалните мрежи.
Како гледате на моменталната ситуација на новите пазари? И која е позицијата на MTG на тоа подрачје?
MTG одсекогаш веруваше во новите пазари и додека економската ситуација се разликува од држава во држава, во принцип, сите pay-TV пазари континуирано растат, затоа што државите се дигитализираат. Тоа е сјајно за нас, бидејќи сакаме да бидеме водечки снабдувач на дигитални услуги на нашите главни пазари.
Нашите pay-TV-канали, кои се состојат од брендовитe Viasat и филмските канали TV1000 се повеќе растат по успешното ребрендирање минатата година. Полека го зголемуваме бројот на претплатници во повеќето пазари, а минатата година го додадовме и брендот за млади Trace. Содржината на нашите pay-TV канали е посилна од било кога, бидејќи ние трајно инвестираме во врвна и на локално ниво важна содржина, со повеќе од 60% сосема нови наслови кои се ексклузивни за оваа област.
Се разбира геополитичката ситуација во Русија и Украина влијаеше и врз нас, но сеуште сме водечки оператор во Русија и тукушто потпишавме нов интересен дигитален договор за дистрибуција со Киевстар во Украина.
Кога станува збор за free-ТВ, нашата медиумска компанија е најголема или втора по големина во балтичките земји, Бугарија и Чешка.
Исто така, ние сме водечки акционер во продукциската компанија Paprika Latino, која е присутна во девет земји во регионот.
Многу возбудливи работи ни се случуваат во овие пазари.
Кој е најдобриот начин за пристап до различните пазари? Постои ли сеопфатен рецепт за успех, или е поверојатно дека индивидуалниот пристап ќе донесе нови клиенти?
Гледачите сакаат најдобра содржина во одреден жанр и сакаат да можат да гледаат на платформата по сопствен избор.
Кога ги усвојуваме содржините и го планираме распоредот, подрачјето на Централна и Источна Европа, секогаш ни е на прво место во главата. Кога сте дел од меѓународна група, тоа ви дава моќ и врски премиерно да купувате содржини, кои што се важни за регионот. Исто така, локализираме и FEEDS.
Нашето искуство на пазарот, како и истражувањата, покажуваат дека публиката во Централна и Источна Европа сака проверени документарни филмови. Viasat History – единствениот канал во регионот, кој потполно се занимава со историја – има добри резултати кај целната група, а и пошироко. Пример за наслов кој се прикажува е Истражувачи на авионските несреќи во 2 светска војна, епизода за смртта на полскиот генерал Сикорски. Друг наслов е Wicked Inventions Like a Shot, кој помогнавме да се финансира и кој премиерно ќе биде прикажан кон крајот на оваа година, а епизодите се снимени во Полска и Словачка.
Имате големо искуство во дигиталната индустрија, можеме да кажеме дека го следевте нејзиниот развој во медиумската индустрија. Како гледате на таа еволуција и како ја замислувате иднината на Digital?
Digital значи многу работи за различни луѓе, компании и сектори. Но, мислам дека е важно да се гледа од перспектива на потрошувачите и оттаму да се почне. Доаѓањето на брз широкопојасен интернет заедно со поврзаните уреди (паметни телефони, таблети, игри, итн), им обезбедува на гледачите многу поголем избор и погодност и во тоа како им пристапуваат, а на тој начин и поголема контрола. Моите деца (6 и 8 години) го земааат здраво за готово тоа што едноставно избираат што и кога, со линеарен распоред кој делува како гласник кој промовира емисии или како водич. Интересно е дека за гледањето “на барање” требаа 15 години во целост да се прифати и да влезе во мејнстримот, повторно без сомнение, потпомогнато од брзиот широкопојасен интернет, како и помладите гледачи. На Вирџин Медија имавме повеќе од една милијарда гледања “на барање” секоја година. Доколку би се третирало како канал, тоа би го сместило на третото место на најголеми канали после BBC1 и ITV1.
Очекувам дека Дигиталното ќе расте со текот на времето. Ќе донесе нови можности за развој, но и закани за платформите. Но, ќе донесе и содржина за производителите како што ќе се зголемуваат очекувањата на потрошувачите, заедно со олеснет пристап и откривање на релевантни содржина.
Како ја гледате иднината на линеарните канали со оглед на тоа што се под постојана закана од новите технологии?
Во Обединетото Кралство, каде што живеам, 98% од гледањето сеуште се врши на телевизијата, па мислам дека иднината уште некое време и е сигурна. Сепак, не можеме да занемариме дека постои растечка промена која го поттикнува пробивот на мрежни уреди, како и млада дигитална генерација. Како оператор на платформа ги разбирам предизвиците на нашите дистрибуциски партнери. Сите наши канали нудат целосни catch-up и multi-screen права, па pay-TV операторите можат слободно да понудат гледање во живо или одложено гледање во движење.
Каква е перцепцијата на Second Screen во растечките пазари? Што е, според Вашето мислење, најголем предизвик за услугата таму?
Мислам дека никој сеуште ја нема пронајдено волшебната формула за сеопфатна услуга на Second Screen, меѓутоа како што веќе реков, не можете да негирате дека доаѓа, особено со спојувањето на брзиот широкопојасен интернет на нашите пазари.
Многу оператори имаат креирано свои сопствени апликации, а исто така некои емисии и канали направиле многу добри апликации за да се подобри искуството на гледање и интеракција, но засега тоа е фрагментиран пазар.
Ние работиме со целиот пазар, и што е најважно, ги следиме потрошувачките трендови за да се осигураме дека гледачите најпрво помислуваат на нас.
Кој е најдобар начин на кој давателот на содржината и услугите може да промовира ваква услуга? И што гледате како предизвик?
За да успее некоја услуга, мора да се додаде вредноста на искуството на гледање, мора да биде сигурна и едноставна за пребарување и истражување, заради пронаоѓање на содржината што ве интересира. Сите наши pay-TV програми доаѓаат со целосни информации, кратка содржина и слика, па ако некој давател на услуга сака да создаде услуга ТВ водич, ги имаме сите преведени и подготвени за користење.
Од апликациите за вториот екран, многу се поважни multi-screen и catch-up правата за програмите. Тоа го работи MTG , па операторите од трета страна имаат спремен производ TV Everywhere за мобилните уреди.
Што е она што е интересно за Вас во регионот на Централна и Источна Европа? Што мислите, каков им е потенцијалот и кој е најголемиот предизвик?
Бидејќи влечам корени од тој регион, родителите ми се Полјаци и зборувам полски, регионот многу ме привлекува и заљубен сум во различноста на културата и уникатноста на секоја од земјите во регионот. Потенцијалот е бесконечен и со оглед на фактот дека сум работел во регионот во 90-тите, доведувајќи ги во нив првите pay-TV канали, гледам колку бил успешен регионот во воспоставувањето на демократските процеси и транзицијата во нивното стопанство. Се разбира, како што видовме во рецесијата од 2008 година, целиот свет може да биде погоден од проблемите од другите економии. Сепак, ние продолжуваме да веруваме и останува наша голема прилика.
Кои се вашите очекувања од NEM 2015 и што посакувате да остварите таму?
Ова ќе биде мое прво присуство на NEM. Навистина се радувам на поврзувањето со другите оператори и операторски канали, како и тоа што ќе научам за најновите трендови и, се разбира,што ќе уживам во прекрасниот град Дубровник.