Дали сте подготвени за Startup Weekend Skopje 2024?
Во Скопје од 1-ви до 3-ти ноември ќе се одржи 13-то издание на Startup Weekend Skopje, поддржано од Google for Entrepreneurs и дел од глобалната мрежа на Techstars Startup Weekend, кој се организира во повеќе од 159 земји и низ кој поминале над 430,000 млади претприемачи. Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard и оваа година се главните спонзори на Startup Weekend Skopje 2024.
Овогодишно издание е носител на темата „Social Innovation’ и ќе ги предизвика учесниците да размислуваат надвор од вообичаените рамки со цел да изнајдат иновативни решенија за најголемите социјални предизвици со кои се соочува нашето општество. За три дена, тимови од креативци, програмери, дизајнери и млади претприемачи ќе работат заедно, инспирирани од идејата дека нивното решение може да има директно влијание на општеството.
Социјалните иновации се современи практики кои имаат за цел да ги задоволат социјалните потреби на подобар начин од постојните решенија, произлезени на пример од работните услови, образованието, развојот на заедницата, здравството и слично. Овие идеи се создаваат со цел за проширување и зајакнување на граѓанското општество.
Со поддршка од искусни ментори и експерти, учесниците ќе истражуваат решенија од области како што се образование, здравство, животна средина и економска инклузија. Startup Weekend Skopje е настан кој ја поддржува способноста да се иновира со цел да се одговори на социјалните предизвици, верувајќи дека акциите на граѓанското општество се моќен начин за создавање на долгорочна промена. Целта е да се создадат проекти кои ќе бидат одржливи и кои ќе имаат директно влијание врз заедницата. Секако ќе се користат модерните технологии и вештачката интелигенција како алатки за побрза имплементација и развој.
Локацијата на одржување на Startup Weekend Skopje 2024 и оваа година е централната експозитура на ProCredit Banka Skopje, која е одговорна финансиска иниституција и секогаш поддржува настани и компании кои се грижат за позитивен социјален импакт. Воедно, Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard се главните спонзори кои ја шират истата страст и визија за подобра иднина со Startup Weekend Skopje 2024.
Покрај можноста за создавање на позитивен социјален импакт, Startup Weekend Skopje е одлична можност за младите професионалци и стартап ентузијасти да се вмрежат, да формираат тимови, да научат нови вештини и да се инспирираат од експертите и визионерите кои ќе го споделат своето искуство и знаење и ќе им помогнат во развивање иновативни бизнис идеи насочени кон решавање на социјални предизвици.
Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој динамичен, инспиративен и влијателен настан. Картите за учество на Startup Weekend Skopje веќе се во продажба и може да ги набавите на следниот ЛИНК.
За повеќе информации и детали, следете ги нашите официјални профили на Facebook и Instagram.