Американскиот бренд за спортска и рекреативна опрема The North Face ја лансираше својата најнова кампања насловена “We Play Different” („Ние играме поразлично“), позиционирајќи се во контраст на традиционалните брендови за спортска облека.
Кампањата се фокусира на клучните екстремни спортови кои што брендот ги таргетира, вклучувајќи ги планинарење, качување по карпи, скијање и сноуборд. Во кампањата се појавуваат нивните најзначајни бренд амабасадори, како што е слободниот алпинист Алекс Хонолд.
„Овде нема да најдете најсовремени стадиони. Само планински процепи и кањони. Нема да слушнете почетни пиштоли или свирежи или татнеж на 80.000 фанатици што врескаат со полниот волумен на нивните бели дробови. Овде нема да најдете маскоти во животински одела. Но, можеби ќе најдете мечки, волци или орли…“ – се вели во драматичниот опис на новата кампања.