Во Загреб беше претставена програмата на клубот заедно со најава на плановите за иднината
Завчера во Загреб се одржа основачкиот настан на хрватскиот огранок на Woman.Comm Club, регионална платформа за женско вмрежување со цел да се обезбеди поддршка и напредок во сите сфери на комуникациската индустрија. Woman.Comm Club собира и создава стимулативна средина за жени од областите на маркетингот, односите со јавноста, новинарството, менаџментот и економијата, сето тоа преку создавање култура на припадност и взаемна поддршка, поттикнување заедништво, споделување знаење и искуство и поддршка на иновациите и позитивните промени кои ја обликуваат иднината на комуникациската индустрија.
Платформата Woman.Comm беше лансирана во срцето на Загреб, во скриениот двор на џез-барот Pri Nami – единствена локација веднаш до познатата стоковна куќа Nama. Посетителите можеа да уживаат во дружењето со своите колешки, меѓусебната размена на знаења и искуства, како и прославата на доаѓањето на водечката платформа наменета за нив.
По повод лансирањето, основачот и директор на Woman.Comm Club, Ирена Миличевиќ Вукоја, рече: „Во изминатите две и пол години, Woman.Comm Club прерасна во голем регионален клуб со повеќе од 350 членови, а планот е тој број до крајот на оваа година да се зголеми на повеќе од 500. Соработката со агенцијата Abeceda komunikacije за нас претставува многу важен чекор во реализацијата на тој план. Во Хрватска планираме да спроведеме низа активности, да им дадеме поддршка на нашите колешки и да ги охрабриме да го остварат својот целосен потенцијал. Третата конференција Woman.Comm, насловена „Моќта на комуникацијата“, ќе се одржи на 15 и 16 октомври во Сараево со цел да се подигне свеста за важноста на комуникацијата. Моќта на комуникацијата е во сите нас и потребно е секојдневно да бидеме свесни за нејзината важност, а сето тоа за да го направиме општеството подобро“.
На средбата присуствуваа бројни жени кои се на самиот врв на комуникациската индустрија, оние кои од водечки позиции раководат со домашни и регионални компании и многу други од светот на познатите. Woman.Comm Club се стреми да ја зајакне улогата на жената во комуникациската индустрија преку синергетско дејствување на жените од светот на маркетингот, огласувањето и медиумите.
Еден од амбасадорките на Woman.Comm Club во Хрватска, Марина Боланча Радуновиќ, основач и директор на Abeceda komunikacije, една од водечките агенции за комуникација во Хрватска, изјави: „Со радост и возбуда го дочекавме доаѓањето на Woman.Comm Club во Хрватска. Особено сме среќни што Abeceda komunikacije е копродукциски партнер и што преку успешна соработка и поддршка ќе ја зајакнеме улогата на жените во комуникациската индустрија во Хрватска. Овој клуб го означува почетокот на една нова ера на нашите простори и можност секоја следна генерација жени да се инспирира на својот професионален пат.“
Визијата на Woman.Comm Club подразбира формирање на водечка асоцијација на жени од комуникациската индустрија во регионот која го поддржува напредокот на жените во остварувањето на нивниот целосен потенцијал на истакнати лидерски позиции. Клубот спроведува бројни активности како конференции, тркалезни маси и мастеркласи со цел создавање на најпрестижното друштво во регионалната комуникациска индустрија.
Повеќе за активностите на Woman.Comm Club можете да најдета на следниот ЛИНК.