Швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer со задоволство го претстави „TAG Heuer Monaco Chronograph Racing Green“, второто поглавје во приказната за серијата „Racing Monaco“, продолжувајќи со континуираното надоградување на своето богато автомобилско тркачкото наследство.
Новиот „TAG Heuer Monaco Chronograph Racing Green“ се придружува на колекцијата TAG Heuer Monaco како прослава на тркачките автомобили и нивните иконични живописи, овој пат во чест на британските тркачки бои.
Секој елемент на новиот часовник е инспириран од историските британски тркачки автомобили, кај кои доминира зелената боја со бели и жолти акценти. Часовникот исто така може да се пофали со сребрен дисплеј за безвременски и елегантен изглед, како суптилен потсетник на контролните табли на спортските автомобили од 20-те и 30-те години на минатиот век.
Наследството има суштинско значење за овој часовник, на кој е аплицирано историското лого на Heuer, што секако ќе им се допадне на колекционерите и љубителите на ретро часовници. Во вистинскиот тркачки дух на Монако, круната е поставена кај 9 часот, како што било оригинално замислено во 1969 година.
Часовникот работи врз основа на автоматскиот механизам „Calibre 11 Automatic“ сместен во титаниумско куќиште од 39 милиметри, кое околу раката се прицврстува со помош на кожно ременче.
Часовникот ќе се продава во ограничен број од 1,000 примероци, по почетна цена од 9.150 евра.
Официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.